Почетна » Убавина и мода » Мода » Шоуто на Victoria’s Secret 2014 – визуелен спектакл од фантазиите

Шоуто на Victoria’s Secret 2014 – визуелен спектакл од фантазиите

Спектакуларната ревија на Victoria’s Secret забрза илјадници пулсови и измами уште толку воздишки. Екстравагантниот микс од театрални костими, помпезна писта, скапоцени креации и атрактивни разголени убавици ги хипнотизира оние 3.500 среќници кои добија или си купија шанса да го проследат шоуто во живо.

Илјадници часа биле потрошени за изработка на 81 уникатен костим од чипка, пердуви, милион кристали и скапоцени камења. Точно 39 пара ангелски крилја иницираат волшебно патување низ рајски фантазии.

Ревијата е фузија од шест возбудливи сегмента. Златна магија зацарува во рамките на „Gilded Angels“, скапоцените костими од по два милиони долари го означија почетокот на „Exotic Traveler“, женската сензуалност и нежност беа потенцирани со „Dream Girl“, младешки дух, позитивност и колоритност го окарактеризира „University of Pink“, бајковита шума беше инспирација за „Fairy Tale“, а мистична заводливост завладеа во финалниот сегмент „Angel Ball“.

Софија Вебстер и Николас Кирквуд беа ангажирани за впечатливите обувки кои ги привлекуваат погледите кон бескрајните нозе на манекенките.

Околу 200 од гостите платија по 25.000 долари за пред очите да им се одигра долго планираното шоу. Собраните парични средства ќе бидат донирани во неколку хуманитарни организации.

Осумте официјални ангели – Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Дауцен Крус, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ, Линдзи Елингсон, Беати Принсло и Карли Клос – дефилираа заедно со уште 39 убавици од целиот свет, меѓу кои и Изабел Голарт, Изабели Фонтана, Лили Доналдсон, Магдалена Фраковјак, Шанина Шајк, Сара Сампајо и Џоан Смолс.

Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS

Лима и Амбросио по 15-ти пат дефилираат на ревија на VS. Сексапилните „ветеранки“ беа удостоени со најскапите креации – градници од по два милиони долари. Двата комплети долна облека вклучуваат по 16.000 скапоцени камења, како рубини, сафири и дијаманти, и парчиња накит од 18-каратно злато.

Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS

За музичкиот дел од ревијата беа задолжени Тејлор Свифт, Ед Ширан, Аријана Гранде и Хозиер.

Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS

Шоуто премиерно ќе биде прикажано на телевизија на 9 декември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.