Почетна » Убавина и мода » Мода » Трендовски лакови и стилови за нокти – есен/зима 2011-2012

Трендовски лакови и стилови за нокти – есен/зима 2011-2012

Бои на лакови

Драматични, гламурозни и префинети се боите на лакови за нокти кои ќе бидат популарни во сезоната што започна. Заборавете ги дречливите воочливи бои и насочете се кон угаснати, длабоки нијанси на сина, зелена, сива, црвена и виолетова за да го надополните вашиот стил со тренди маникир.

Кралско синоСериозно зеленоГламурозно виолетовоВампирско црвеноНеутрално бежово и розовоМодерно сиво, металик, светулки

Кралско сино

Црпете инспирација од џинсот и сафирот за да ги доловите модерните нијанси на сино. И Шанел и Диор лансираа колекции со сини лакови, зацврстувајќи го нивното место меѓу трендовите.

Сериозно зелено

Длабоките темни нијанси на зелената боја, кои потсетуваат на боите на војничката облека, ќе ги обојат ноктите оваа есен и зима. Непогрешливо модерен шмек имаат и зелените лакови со златен сјај.

Гламурозно виолетово

Флуоресцентните розови нијанси и дречливата циклама боја ќе им отстапат место на темните длабоки нијанси на виолетово и пурпурно. Може да се каже дека овие бои се добра замена за црниот лак, кој знае да делува монотоно.

Вампирско црвено

Нема маникир кој изгледа попрефинето во текот на студените зимски денови од маникирот со лак во боја на темно црвено вино. Нијансите на бургундец се совршена замена за интензивната црвена боја затоа што се пософистицирани и демонстрираат повеќе класа и стил.

Неутрално бежово и розово

„Голите“ нокти се вечно модерни, па не ги заобиколувајте нијансите на крем и светло розово. Експертите советуваат да не се трудите лакот да ви биде во иста нијанса како и вашиот тен, туку една-две нијанси посветол или потемен.

Нема зошто да не ги сакате ваквите неутрални нијанси. Освен што се исклучително практични затоа што одговараат со секој аутфит, тие не предизвикуваат бојадисување и пожолтување на ноктите како што тоа го прават лаковите со интензивни бои.

Модерно сиво, металик, светулки

Сивите лакови имаат репутација дека се досадни и монотони. Но, оваа сезона не е така. Различните нијанси со блескав сјај ги прават модерни и шик. Особено актуелен останува лакот кој е микс од сиви и крем нијанси.

Металик лаковите и лаковите со светулки исто така треба да ви останат на дофат на рака. Сепак, пред нас има многу празнични вечери во кои ќе треба да блеснат и вашите нокти.

Должина и облик на ноктите

Долги или кратки? Овален или правоаголен облик? Модерните темни лакови за нокти комбинирајте ги со кратки нокти. „Кога носите силни бои, најдобро е ноктите да ви бидат кратки и со женствена форма“ – објаснува њујоршкиот експерт Џин Сун Џои.

Правоаголниот облик на врвовите на ноктите ќе му отстапи место на овалниот облик, кој нуди многупати поприроден и поженствен изглед.

Тренди стилови

Колоритен француски маникирКолоритен француски маникир. Тргнете ги настрана лаковите кои ги користите за класичен француски маникир. Земете интересни лакови чии бои се надополнуваат и направете си колоритен француски маникир. На модните писти видовме комбинации на бордо со златно и сафирно сино со златно. На пример, обојте ги ноктите со лак во боја на бургундец, а врвовите на ноктите акцентирајте ги со златен светликав лак. ПолумесечиниПолумесечини. Премачкајте ги ноктите со еден лак, а потоа со друг направете си мал полукруг кај коренот на ноктите.
Еден нокот поразличен од другитеЕден нокот поразличен од другите. Лакирајте ги сите нокти со една боја, а само нокотот на домалиот прст со различна боја. Сите нокти во различна бојаСите нокти во различна боја. Зачувајте го веселиот дух со интересен маникир во различни бои. Единствено внимавајте нијансите да бидат земјени и неутрални, односно да му прилегаат на шармот на есента и на хармоничен начин да го разбиваат зимското сивило.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.