Почетна » Убавина и мода » Мода » Париската недела на модата: колекции есен/зима 2012-2013

Париската недела на модата: колекции есен/зима 2012-2013

Градот на светлината беше центарот на модните случувања во изминативе недела дена. Во Париз своите колекции за сезоната есен/зима 2012 ги прикажаа дел од најактуелните светски дизајнери. Од светлата оптимистичка иднина на Сара Бартон, па до мрачната последна колекција на Стефано Пилати, модната недела течеше динамично.

Направете една мала обиколка низ колекциите кои добија најдобри критики.

Александар МекКвин

Сара Бартон преку својата колекција реши да нè однесе во една убава иднина. „Нежен футуризам. Не ладен и структуриран, туку оптимистички и прогресивен“ – изјавила Бартон. Прерано починатиот МекКвин беше фасциниран од темната страна на природата, но Сара се сврти кон онаа светла и волшебна страна. И покрај тоа, на колекцијата не ѝ недостигаше драматизам.

Манекенките изгледаа како вистински цветови на модната писта. Зимската белина го означи почетокот на шоуто, но потоа креациите започнаа да придобиваат боја – крем, сива, виолетова, црвена и црна. Мека, пердувесто лесна и раскошна – колекцијата на Бартон им ги затна устите на лошите критичари.

Александар МекКвин Александар МекКвин

Шанел

Сталагмити од аметист и зачаден кварц се издигнуваа од подот на пистата на ревијата на Шанел. Карл Лагерфелд и овој пат не ги изневери очекувањата за спектакуларен амбиент. Слоевитиот тренд кој започна во Њујорк се појави наголемо и во колекцијата на Шанел. Панталони долги до над глуждовите беа комбинирани со сукњи и фустани, како и со долги палта и блузи.

Колекцијата изобилуваше со бои и текстури, а инспирацијата на Карл од минералите беше повеќе од очигледна и видлива од блескавите дебели веѓи на манекенките до нивните обувки.

Шанел Шанел

Кристијан Диор

Кормилото во Диор сè уште привремено го држи Бил Гајтен, бидејќи и по една година од скандалот со Галијано, познатата модна куќа не избра негов наследник. Бил Гајтен очигледно инспирацијата ја зел од мажествените кроеви на Диор и ја комбинирал со женственоста на балерините, изразена преку нежни и збиено плисирани фустани и сукњи.

Нежни нијанси на розова, крем и сива ја потенцираа грациозноста на колекцијата, но исто така и црната и боите на црн домат и ноќно небо добија место во креациите на Гајтен.

Кристијан Диор Кристијан Диор

Ланвин

Колекцијата на Ланвин беше микс од најголемите модни хитови на познатата модна куќа во изминатава деценија. По повод десетгодишното работење за Ланвин, дизајнерот Албер Елбаз покажа еклектична колекција и на крајот ги поздрави гостите со песна – го зграпчи микрофонот и ја запеа „Que Sera, Sera“.

Шоуто започна со еднобојни креации во различни весели бои, продолжи со темни креации од кожа, крзно и кадифе и заврши со гламурозни игриви модели украсени со блескави камења.

Ланвин Ланвин

Жан Пол Готје

Имагинативни металик креации со чувство на урбана слоевитост, принтови инспирирани од графити и драматични елементи од стилот на 80-тите ја преплавија пистата на Жан Пол Готје.

Искусниот дизајнер си поигра со боите и материјалите за да комплетира смели и несекојдневни комбинации. Уште еднаш на пистата меѓу женските манекенки прошета и Андеј Пејиќ, кој пред една година го затвори шоуто на Готје.

Жан Пол Готје Жан Пол Готје

Ив Сен Лорен

Главниот дизајнер Стефано Пилати се збогува со француската модна куќа Ив Сен Лорен. По завршувањето на шоуто, публиката се исправи на нозе и со гласен аплауз го поздрави неговиот придонес во развивањето на модната индустрија.

Пилати преку креациите прикажа храбра и бестрашна жена. Мрачната колекција се вртеше околу строги линии, заоблени истакнати раменици и панталони и сукњи со висок струк.

Ив Сен Лорен Ив Сен Лорен

Џон Галијано

Десната рака на Џон Галијано, Бил Гајтен, одлично се справува со тешката задача да влезе во чизмите на неговиот генијален учител и да ја продолжи неговата работа и тоа за два престижни бренда.

Иако колекцијата не беше толку возбудлива, сепак публиката остана задоволна од понуденото. Шапките со пердуви и високите чорапи ѝ дадоа динамика на колекцијата, а проѕирните материјали потенцираа одредена доза на фетишизам.

Џон Галијано Џон Галијано

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11038 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.