Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни икони: Грејс Кели

Модни икони: Грејс Кели

Убавина која освојува, занемувачки шарм, грациозност на лебед, отменост и елеганција, незаборавна харизма, порцеланско лице… Грејс Кели живееше во бајка на филмското платно, како и во вистинскиот живот.

Прекрасната муза на Алфред Хичкок е олицетворение на стилот на 50-тите години на минатиот век. Бројни модни дизајнери до ден-денес црпат инспирација од стилот на синооката убавица од златната ера на Холивуд.

Грејс Кели
Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Безвременската стилска легенда, нарекувана „ледената принцеза“, покажува дека „помалку е повеќе“, градејќи го својот стил врз едноставни, но елегантни креации, кои ги доведува до совршенство, посветувајќи екстремно внимание на модните детали.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Грејс Патриша Кели е родена на 12 ноември 1929 година во Филаделфија, Пенсилванија, и потекнува од влијателно семејство.

Уште од мали нозе таа сонува да стане успешна холивудска актерка, но градењето на кариера во филмскиот свет е попречено од страна на нејзините родители.

Не сакајќи да се помири со тоа и да ги потисне своите амбиции, Грејс решава храбро да се бори со пречките и предизвиците и бавно, но сигурно, да се искачи до врвот. Првиот чекор кон исполнување на холивудскиот сон, Кели го прави со запишување на Американската академија за драмски уметности. Амбициозната девојка ја користи својата убавина за да ги покрие трошоците за школувањето. Имено, Кели станува модел, посветувајќи им се на ангажманите во модната индустрија по завршувањето на академските часови. Цврсто следејќи ги своите амбиции и гордо покажувајќи дека може да биде самостојна, таа на 19-годишна возраст ја добива својата диплома од Академијата.

Една година подоцна, Грејс започнува да ја освојува театарската сцена. Нејзиниот талент, професионалност, посветеност и убавина, не остануваат незабележани од страна на најпознатите холивудски режисери. Набрзо таа го хипнотизира Холивуд и станува една од најплатените актерки.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Во својата кратка филмска кариера, Грејс снима единаесет филмови и е дел од повеќе телевизиски серии. Улогата во филмот „The Country Girl“ ѝ помага да се закити со Оскар за Најдобра актерка во 1954 година, а добива Златен глобус за Најдобра актерка во споредна улога за филмот „Mogambo“. Таа е совршената хероина на Хичкок, како што тој милува да ја нарекува „одличен пример за сексуална елеганција“.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели и Алфред ХичкокГрејс Кели и Алфред Хичкок Грејс Кели

Романтичната приказна на успешната филмска дама со принцот на Монако, Рение Трети, започнува во 1955 година. Грејс и Рение се запознаваат во кралската палата во Монако, во време кога таа се состанува со францускиот актер Жан-Пјер Омон. Неколку месеци подоцна, Рение ја посетува шармантната Кели во Америка каде и ја запросува. Во еден здив, Кели се откажува од кариерата која ја изгради со многу напор и го посветува остатокот од својот живот на човек и нација кои не ги познава. Вереничкиот прстен кој ја краси раката на холивудската убавица е надополнет со дијамант од 10,47 карати, а е дело на француската компанија за луксузен накит Cartier. Денес прстенот се проценува на 3 милиони фунти.

Грејс Кели и Рение ТретиГрејс Кели и Рение Трети Грејс Кели

На кралската свадбена прослава, Кели блесна со полн сјај. Грандиозната венчаница на принцезата на Монако измами воздишки кај секој кој ја погледна. Елегантниот невестински фустан дизајниран од Хелен Роуз остана запаметен во модната индустрија, а за негова изработка беа потребни шест недели напорна работа на околу 30 шивачки, 270 метри античка белгиска чипка и 140 метри свила, тафт и тул.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Околу 600 гости присуствуваа на „свадбата на векот“ која се одржа на 19 април 1956 година и се смета за најгламурозната венчавка во историјата.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Многумина наоѓаат сличност во венчаницата на Грејс и венчаницата која војвотката Кетрин ја носеше на својата свадба со принцот Вилијам во 2011 година.

Лево: војвотката Кетрин, Десно: принцезата ГрејсЛево: војвотката Кетрин, Десно: принцезата Грејс

Кралската свадба на Кели ѝ отвори врати кон нов свет во кој таа доби сосем нова улога. Како принцеза на Монако, таа е принудена да се откаже од актерството и да се фокусира на своите должности како сопруга и мајка и почнува да се занимава со хуманитарни активности. Под нејзина иницијатива се основани болници, фондации и сиропиталишта, а сето тоа е финансирано од средства собрани на хуманитарни балови кои таа ги организира.

Грејс и Рение се родители на три деца – принцот Алберт и принцезите Каролин и Стефани.

Грејс и Рение со трите децаГрејс и Рение со трите деца Грејс Кели

Во деновите кога таа е „кралица на Холивуд“ нејзиниот стил зрачи со елеганција и софистицираност, а не се менува и откако таа станува дел од кралското семејство на Монако. Грејс ги фаворизира фустаните кои „врискаат“ женственост, струкираните креации кои ја истакнуваат тенката половина, здолништата со А-линија и палтата и наметките изработени од крзно.

Своите стилски избори, шармантната аристократка ги надополнува со исклучителен бисерен и дијамантски накит, впечатливи шапки, марами и модни додатоци за коса, тенки колани на половината, елегантни чанти и бели ракавици кои се неизоставен дел од нејзиниот стајлинг.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Една од чантите која Грејс ја користи за да го прикрие трудничкото стомаче од медиумските фотографи доаѓа од модната куќа Hermès и подоцна го добива името „The Kelly Bag“.

Грејс КелиКели со чантата Hermès Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Иако може да си дозволи луксуз, таа ги носи истите труднички фустани низ сите три бремености.

Зелениот свилен фустан во кој Грејс ја прими златната статуетка од Академијата за филмска уметност е дизајниран од Едит Хед и е запишан во историјата како симбол за елеганција на црвениот тепих.

Грејс Кели

За жал, Кели не доживува длабока старост. Кобниот ден за дамата со големо срце беше 14 септември 1982 година. Животот на омилената принцеза на илјадници лица згасна како последица на повредите од сообраќајна несреќа во Монако. Возејќи на Азурниот брег, Грејс доживува благ мозочен удар и ја губи контролата врз возилото, во кое е и нејзината ќерка Стефани. По кратко време во болница, Кели издишува за последен пат на 52-годишна возраст.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Додека приказната за Грејс Кели се доловува во многу книги и филмови, нејзиниот дух живее во сегашниот владетел на Монако, принцот Алберт II, нејзината посветеност и работа продолжува да инспирира преку принцезата Каролин, а нејзината смисла за креативност и авантура е вградена во принцезата Стефани.

Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

„Би сакала да бидам запаметена како личност која направила корисни дела и била љубезна и добра личност. Би сакала да оставам впечаток на човечко суштество со коректен однос, кое даде сè од себе за да им помага на другите.“

„Природната улога на жената е да биде столб на семејството.“

„Јас во основа сум феминистка. Сметам дека жените можат да го направат тоа што ќе одлучат да го направат.“

„Еманципацијата на жените направи тие да ја изгубат својата мистерија.“

„Избегнувам да гледам назад. Преферирам добри спомени пред каење.“

Грејс Кели
Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели Грејс Кели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.