Почетна » Убавина и мода » Мода » Модна еуфорија: Ѕирнете во ревиите на Модниот викенд Скопје

Модна еуфорија: Ѕирнете во ревиите на Модниот викенд Скопје

Македонија изминатиот викенд повторно ја зафати модна треска.

Во рамките на седумнаесеттото по ред издание на Моден викенд Скопје, десетина брендови и дизајнери ги претставија своите колекции за сезоната пролет/лето 2018.

Модниот викенд Скопје оваа година се одржа во Универзитетската и национална библиотека „Св.Климент Охридски“ под мотото „What feeds your imagination?“.

АТЕЛЈЕ КОЦАРЕВА

Ателје Коцарева ја презентираше новата колекција свечени фустани „Boundless“.

„Моите модели се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со свечени комбинации во 3 бои, парчиња со нагласен струк, голи раменици, набори, транспарентни делови и сл.“ – изјави Коцарева за колекцијата.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Зана Алиу

Зана Алиу, која стои зад „Zana Aliu showroom“, ја претстави колекцијата „Red&The spectrum“.

„Ќе има прашање зошто во мојата колекција доминира црвената боја кога и таа е дел од спектарот на бои. Одговорот е претставување на мојот личен карактер. Jас се сметам за феминистка, а сето ова е испреплетено со тоа дека сè е сработено со трпение, енергија, посветеност, кои се карактеристики на самата црвена боја која асоцира на желба, страст, лубов и на целата моја колекција и дава еден интензитет, динамика и женственост. Преку мојата колекција патуваме низ животот секогаш со убави тонови, тоа е мојот одговор за квалитетно живеење“ – вели за своите креации Зана Алиу.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Studio Pallada

Гостите имаа можност да ги видат моделите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“.

„Колекцијата која ја работевме заедно со мојата мајка, Снежана Палада, е составена од 15 креации уникатни и рачно изработени. „El Suеñо“ што од шпански се преведува како „Сонот“, е произлезено од темата на самата колекција. Викторија Еугенија, шпанската кралица во дваесетите години на минатиот век инспирирани од тогашната мода која таа самата ја претставила во јавноста преку нејзините кралски фустани, со премногу детали а сепак едноставни и безвременски“ – вели Алек Палада.

Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

GO by Gjorgieva Olgica

Олгица Ѓоргиева се инспирираше од книгата „Мемоарите на една гејша“ од Артур Голден за колекцијата „Destination“.

„Моделите се со чиста линија, минималистички израз, на моменти материјалите се облагородени со детали или принтови. Станува збор за многу практични и комерцијални парчиња. Доминантна е белата боја во целата колекција, а од материјалите се застапени вискоза, памук, жоржет и верзии на сатени. Парчињата се лесни за комбинација, така да во зависност од стајлингот што ќе се направи, би можеле да се носат во повеќе пригоди“ – вели дизајнерката Ѓоргиева.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Berna Saraci

Публиката имаше можност да ја погледне колекцијата наречена симболично „0000“ на дизајнерката Берна Сарачи од Косово.

„Колекцијата ја карактеризираат чисти кроеви, прилично лежерен став, но сепак извикува софистицираност и моќ. Да изгледаме стилизирано и да се чувствуваме во нашата кожа е мојот најважен тренд. Тоа е причината зошто колекцијата има тенденција да покаже микс на спортска и елегантна урбана девојка. Таа е самоуверена и нема потреба од многу труд за да ја покаже својата личност" – вели дизајнерката Сарачи.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Sari Gi

Младата дизајнерка Сара Реџиќ ја откри колекцијата насловена „La Vie En Rose“. „Жените се херои на секојдневието. Во природата на секоја жена постои едно "розово" катче. За да успее да го преброди денот, обврските, животот, жената има потреба одвреме-навреме да побегне во својот "живот во розово", да блесне, да зачекори како кралица. Токму таму е нејзиниот "La vie en rose" свет од кој црпи сила на животот и светот да гледа со розови очила“ – објасни Сара Реџиќ.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Yilka Brada

Брендот Yilka Brada од Косово ги прикажа моделите од колекцијата „Modish“.

„Времето поминува и луѓето се менуваат заедно со нивните извонредни храброст и внатрешни соништа. Денес секој од нас сонува многу. Денес секој од нас има уникатен начин на изразување. Оваа колекција доаѓа со силна порака и претставува природен начин на изразување на себеси без всушност да се грижиме за очекувањата на другите“ – вели Брада.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Студентите од Факултетот за арт и дизajн при ЕУРМ, се претставија со заедничка ревија наречена „Text me“ за пролет/лето 2018, на која петнаесет студенти ги прикажаа своите креации.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Ателје Магдалена

За првпат на Моден викенд Скопје „Ателје Магдалена“ ги претстави креациите од колекцијата „Будење“.

„Женскиот фундамент е основната точка на оваа колекција. И прва и последна. Љубов. Потребата да се биде своја, симбиоза на различностите на карактерите, слободата на украсувањето на сопственото тело раскажани во несекојдневните модели создадени од жената за жените. Контрастот на нежнотијата и силната жена споени во колекцијата Будење. Разбудени, среќни, полни со живот“ - вели Магдалена Нешковска.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Роберт Ивановски

Дизајнерот Роберт Ивановски ја претстави својата најнова колекција „The garden of earthly delights“. Вели дека е инспирирана од познатото дело „Градината на земните задоволства“ на Хиеронимус Бош од 16 век, кое сега е сместено во музејот „Прадо“ во Мадрид. „Тоа е модерна, урбана колекција со отпечатоци од сликата во комбинација со црна ткаенина“ - вели Ивановски.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Fingerprint

Брендот Fingerprint со ревија ја презентираше колекцијата „Macedonian beauty“. Станува збор за креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови. „Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“ со којашто на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“ – вели тимот кој стои зад брендот.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Арт студио Фа-Бу

Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ која со години изработува најразлични дела прикажа нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Катарина Лука

Авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ е надополнета со аксесоари. „Стилот на оваа колекција вроди со многу инспирации од популарната постапокалиптичка фикција и мојата главна инспирација е филмот „Mad Max“. Во овие 25 женски и машки комбинации претежно се појавува црната боја со многу кожни моменти, комбинирани со накит во сличен алтернативен стил“ – вели Катарина Лука.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Евгенија Зафировска

„Колекцијата „Архитектура во движење“ ја претставувам како тело - архитектура. Веќе некое време сум импресионирана од архитектурата и мојата инспирација за оваа колекција е Кензо Танге, јапонски архитект кој го обнови мојот роден град Скопје. Преку изработка на колекцијата се приближив до најблиската врска помеѓу архитектурата и модата, создавајќи 3D-структури и простор за телото, а во исто време овозможувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат се повеќе свесни за квалитетот и издржливоста што ни се нудат од мала серија на облека. Во мојата работа го искористив овој факт во правењето чевли, ги вклучив традиционалните занаети на локалните мајстори. Исто така, некои парчиња се направени без или со многу мал отпад, додека модните додатоци се направени од остатоците од ткаенините. Резултатот е современа уникатна колекција, препознатлива и уникатна, базирана на корисни, иновативни рачни техники и материјали“ – вели Евгенија.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.