Почетна » Убавина и мода » Мода » Кристална колекција по повод 15 години Џими Чу

Кристална колекција по повод 15 години Џими Чу

Кога на 11 години Џими Чу го создал првиот пар чевли, сигурно не претпоставувал колку значајно ќе стане неговото име во светот на модата. Денес, брендот Џими Чу е синоним за луксузни обувки кои секоја жена посакува да ги има.

Проектот „Кристал“

Компанијата Џими Чу ја прославува својата 15-годишнина. Имајќи во предвид дека традиционалниот подарок за 15-тата годишнина е кристалот, компанијата создаде „кристална“ колекција на вечерни обувки.

„За да ја прославиме нашата 15-годишнина, сакав да создадам модерен гламур, кој е доказ за стилот и имагинацијата на Џиму Чу“ – изјавила Тамара Мелон, соосновач на компанијата.

Проектот „Кристал“ вклучува луксузни блескави обувки кои веќе се хит меѓу холивудските ѕвезди. Но, моделите од гламурозната колекција доаѓаат со етикети со цени од 425 до 1995 евра, па ние можеме само да си ги исплакнеме очите.

Џими Чу MarineЏими Чу ViolaЏими Чу ViolaЏими Чу CiaraЏими Чу ZafiraЏими Чу ZafiraЏими Чу NiagraЏими Чу MontanaЏими Чу LeonaЏими Чу LarkЏими Чу MoonЏими Чу MirrorЏими Чу MaximЏими Чу LancerЏими Чу LancerЏими Чу LatifaЏими Чу SecretЏими Чу LaurieЏими Чу SambaЏими Чу Raquelle

Marine

Viola

Viola

Ciara

Zafira

Zafira

Niagra

Montana

Leona

Lark

Moon

Mirror

Maxim

Lancer

Lancer

Latifa

Secret

Laurie

Samba

Raquelle

Кратка историја на брендот Џими Чу

Самиот Џими Чу е малезиски дизајнер кој потекнува од семејство на чевлари. Уште од мал бил опкружен со чевли и неговата љубов кон креирањето на оригинални обувки постојано се зголемувала.

Сепак, неговиот пат до успехот не бил брз и лесен. За да го продолжи своето образование на денешниот Лондонски колеџ за мода, Чу работел како чистач во ресторани и во фабрика за обувки.

Првата работилница ја отворил во 1986г. во Лондон. Уникатните неповторливи дизајни и начинот на изработка на обувките од Чу не останале незабележани. Неговата популарност особено се зголемила откако во 1988г. списанието Вог издвоило 8 страници само за неговите дизајни, а кога принцезата Дајана започнала да соработува со него, името Џиму Чу започнало да се изговара од секоја жена.

Сепак, брендот Џими Чу најверојатно немаше да биде она што е денес ако богаташката Тамара Мелон не ги замешаше своите прсти. Тамара, која работела како уредник за модни додатоци во Вог, препознала дека Џими Чу има светла иднина и му понудила соработка.

Па така, во 1996г. е формирана компанијата Jimmy Choo Ltd. од Џими Чу и Тамара, благодарение на инвестицијата од нејзиниот богат татко.

Ако денес успеете да издвоите од вашиот џеб доволно пари за да купите чевли со натпис Џими Чу, вие всушност не купувате чевли од дизајнерот со тоа име. Уште во 2001г. Џими Чу го продал својот дел од компанијата и денес произведува обувки само за приватни (богати) клиенти и работи на ексклузивната линија Jimmy Choo Couture.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11434 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.