Почетна » Убавина и мода » Коса » Фризури – пролет/лето 2010

Фризури – пролет/лето 2010

Иако пролетта сè уште срамежливо си прави пат, зимата е веќе зад нас и шапките и капите паѓаат од главите. Па, косата треба да биде покажана во полн сјај. Ако сакате да ги следите модните трендови, токму косата е најевтиниот начин на кој можете да го направите тоа.

Иако повеќето жени не се ни обидуваат да ги пренесат фризурите од модните писти на улица, постојат неколку трендови за оваа сезона кои со сигурност ќе бидат прифатени.

ФризураЗа сезоната пролет/лето 2010, професионалните стилисти препорачуваат косата да има многу волумен и да биде „разиграна“.

Актуелни фризури

Плетенка

Можеби ќе ве изненади, но еден од најголемите трендови за оваа пролет е косата во плетенка. А како ќе ја направите, тоа целосно зависи од вас, затоа што различни варијации се прифатени како модерни.

Најголем впечаток од модните писти оставија долгите плетенки на Alexander Wang, сплетени на едната страна и пуштени напред. Обидете се во горниот дел плетенките да ги направите полабави, а во долниот стегнато плетени.

Не треба да се грижите плетенките да бидат грижливо направени. Бушавите плетенки се модерни. Фатете ја косата во опашка високо на главата, не е важно дали на средината или на едната страна. Потоа формирајте плетенка.

Воопшто нема да погрешите ако плетенката ја соберете во пунџа. Интересен тренд кој си заслужува да биде пренесен во секојдневието.

Особено интересно е да ставите долга марама на главата и да ја вклучите во плетенката. Овој тренд е најсоодветен за на плажа.

Доколку сметате дека обичната плетенка ќе ви даде премногу детски изглед, обидете се со плетенката од типот рибина коска.

Брановидна коса

Тргнете ја настрана пресата за исправување, затоа што не е актуелна и за оваа сезона. Наместо тоа, дајте и повеќе слобода на косата. Професионалните стилисти препорачуваат косата за сезоната пролет/лето 2010 да има многу волумен и да биде „разиграна“.

Патецот на косата носете го на средината на главата. За поголем волумен можете да користите пена за коса. Пред да започнете да се фенирате, нанесете пена за волумен и не ја исправувајте косата.

Класична и разбушавена балерина пунџа

Класичната балерина пунџа е лесна за оформување, а косата изгледа многу уредно и елегантно. Исто така и разбушавената пунџа може да биде елегантна, а најдоброто е што ѝ одговара на секоја жена.

„Влажен“ и замазнет изглед

Овој изглед е супер модерен. За фиксирање на косата користете гел. Ако имате темнокафеава или светло руса коса, овој тренд многу ќе ви одговара.

Модни додатоци за коса

Во зависност од пригодата, можете да користите различни модни додатоци како венчиња, големи шноли или марама за коса. Особено актуелни се марамите во црна, бела, крем и светло розова боја.

Совет:

Ако имате долга коса, во никој случај не ја исправувајте. Доколку пак имате кратка, може да користите преса, но не дозволувајте да го уништите обемот на косата.

Трендови кај боите за коса

Бојата на косата не е помалку важна од самата фризура. Таа може да ви донесе целосна трансформација на вашиот изглед.

  • Црвенокоса. Црвена боја е хит на сезоната пролет/лето 2010. Особено популарни се нијансите со жолто-кафеав и бакарен сјај. Избирајте понежни бои кои не се заситени. Не употребувајте повеќе од две нијанси.
  • Бринета. Внесете сончев сјај во вашата кафеава коса преку нијанси на карамела или лешник. Заборавете на видливите прамени во различна боја и дајте ѝ природен изглед на косата преку рамномерно распределување на нијансите.
  • Русокоса. Природниот изглед на скандинавските русокоси е ин оваа сезона. Ако овие нијанси не се соодветни за вашето лице и тен, изберете златни нијанси или нијанси на ванила.

Многу е важно да не брзате веднаш да ги следите модните трендови. Изберете си што ви се допаѓа и консултирајте се со вашиот фризер ако планирате да направите значајна промена, како промена на бојата или драстично скратување на косата.

Без разлика дали имате долга или кратка коса, таа треба да има сјај и да зрачи здравје, а вашата пролетна фризура треба да биде смела, но прилагодена кон индивидуалниот стил.

Трендови од модните писти пролет/лето 2010

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.