Почетна » Убавина и мода » Коса » Исправување на косата

Исправување на косата

Дали и вие сте зависни од пресата за коса? Ако одговорот е да, сега ќе ви помогнеме да дознаете дали пропуштате нешто додека ја правите вашата коса блескава и идеално права. Од друга страна, ако досега никогаш не сте си ја исправиле косата, сега ќе научите како правилно да го направите тоа и сигурно ќе посакате да пробате.

Права коса
Правата коса секогаш има подобар сјај, па затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса.

Правата коса секогаш има подобар сјај и затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Но, треба да знаеме дека честата употреба на преса влијае лошо врз здравјето на косата.

Денес постојат најразлични преси за коса – големи, мали, метални, керамички, со јонизатор, со инфраред технологија и сл. Некои од нив побрзо и потрајно ја исправуваат косата, а други не толку. Без разлика каква преса користите, има неколку универзални правила за да добиете убава, сјајна и идеално права коса.

  • Одржувајте ја косата здрава. Употребата на преса ја уништува косата, ја прави слаба, а нејзините врвови почесто расцветуваат. Доколку се употребуваат често, дури и најскапите преси за коса ја уништуваат косата. За да ја освежите и зачувате вашата коса здрава, употребувајте маска за коса барем еднаш неделно и задолжително користете регенератор.
  • Заштитете ја косата од висока температура. Пред да започнете да ја исправувате косата, заштитете ја со силиконски капки.
  • Одржувајте ја пресата. За да ја одржувате пресата во добра форма, не ја оставајте во бањата. Така ќе ја заштитите од пареата. Чистете ги плочките на пресата по секоја употреба.

Како правилно да ја исправите косата?

Ако вашата коса е многу виткана, најдобро е прво да ја исфенирате со голема четка. Правете го тоа прамен по прамен. Така поголем дел од косата ќе ви биде исправена уште пред да ја допрете пресата.

  1. Секогаш употребувајте ја пресата на сува коса. Ако косата и не ви е многу виткана, можете да ја оставите природно да се исуши пред да ја употребите пресата. Сепак, за најдобар ефект фенирајте ја косата со голема четка. Кога косата ќе ви биде потполно сува, приклучете ја пресата.
  2. Нанесете продукт за заштита на косата. Косата треба да биде заштитена од високата температура. Употребувајте силиконски капки. Нанесете мало количество на рацете и разнесете ги по косата. Не ставајте на корените. Започнете од средината на косата и движете се кон врвовите.
  3. Разделете ја косата на прамени. Колку повеќе прамени одделите, толку „полесна“ ќе биде вашата коса. Почнете од долниот дел на главата. Поставете го праменот меѓу плочките и започнете.
  4. Движете се од корените кон врвовите. Не се задржувајте долго време на едно место. Ако има потреба поминете еден прамен два пати, но не го правете тоа постојано. Имајте на ум дека со секое поминување со пресата дополнително ја горите косата.

Прамен по прамен ќе добиете мазна, права и сјајна коса. Радувајте се!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.