Почетна » Семејство » Дете » Пелтечењето – чест проблем кај децата

Пелтечењето – чест проблем кај децата

Пелтечењето е проблем со кој се соочува 1% од населението. Тој се карактеризира со повторување на звуци, истегнување на слогови или други проблеми со говорот.

Комуникација
Подобрете ја комуникацијата со вашето дете за да му помогнете да го преодолее пелтечењето.

Што е пелтечењето?

Поимот пелтечење опфаќа различни проблеми со говорот како:

  • Повторување на звуци (м...м...м...мама) или слогови (ма...ма...ма...мама).
  • Истегнување на звуци (ммммммммама).
  • Проблеми со изговарањето на одреден звук или збор.
  • Избегнување на изговарањето на одредени зборови или нивно изговарање до половина.
  • Целосно одбегнување на зборувањето.

Пелтечењето најчесто се појавува во детството, во периодот помеѓу 3-та и 7-та година. Во 40-80% од случаите, пелтечењето исчезнува во периодот на адолесценција. Кај возрасните пелтечењето најчесто е резултат од несреќа или психолошки проблем.

Кои се причините за појавата на пелтечење?

До ден денес сè уште не се јасни точните причини за појавата на пелтечење. Истражувањата покажуваат дека мажите се посклони кон пелтечење за 3 пати повеќе од жените и дека шансите да се здобиете со овој проблем се зголемуваат за 20%, ако ваш близок роднина има проблеми со говорот.

Некои експерти веруваат дека некои луѓе имаат генетски предиспозиции кон пелтечењето, но не знаат што го предизвикува тоа. Според други, пелтечењето е резултат на комбинација од фактори.

Како да му помогнете на вашето дете?

Пелтечењето кај децата може да биде фрустрирачко како за детето, така и за луѓето од неговата околина. Многу често децата со ваков проблем се исмејувани и ја губат самодовербата.

Вие можете да му помогнете на вашето дете да престане да пелтечи или да не се развие пелтечење. Следете ги следните совети:

Мајка со дете
Посветете му повеќе време на вашето дете и разговарајте во опуштена атмосфера.
  1. Посветете му повеќе внимание, разговарајте во опуштена атмосфера каде што детето нема да има потреба да надвикува други луѓе.
  2. Дајте му време за да се искаже и не го прекинувајте.
  3. Седнете на подот за да сте на еднакво ниво со него и гледајте го право во очите дури и кога пелтечи.
  4. Забавете го вашиот говор и почекајте неколку секунди пред да одговорите, за детето да знае дека може да го направи истото.
  5. Употребувајте кратки и прости реченици.
  6. Однесувајте се кон детето на начин, на кој тоа нема да чувствува дека има проблем.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.