Почетна » Семејство » Бременост » Дали да го дознаете полот на бебето?

Дали да го дознаете полот на бебето?

Некои од идните родители се нестрпливи и сакаат колку што е можно порано да го дознаат полот на нивното бебенце, додека други сакаат тоа да им биде изненадување. Околу 70% од идните родители избираат да знаат дали ќе имаат синче или ќеркичка.

Машко-женско
Околу 70% од идните родители избираат да знаат дали ќе имаат синче или ќеркичка.

Ако вие не можете да се одлучите, подолу се дадени предностите да го знаете и предностите да не го знаете полот на вашето неродено бебе. Тие ќе ви помогнат да направите одлука која да е најправилна за вас.

Кои предности ги имате ако го знаете полот на бебето?

  1. Дознавањето на полот го скратува процесот за избирање на име на половина. Вие се насочувате кон списоците или на машки или на женски имиња. Откако ќе го изберете името, ќе можете да му се обраќате на бебето со неговото вистинско име уште додека тоа е во утробата.
  2. Можете предвреме да ја уредите детската соба. Ако знаете дали вашето бебче е машко или женско, можете предвреме да ја уредите детската соба соодветно на полот и подготвени да го очекувате неговото или нејзиното доаѓање.
  3. Ќе можете да започнете да купувате алишта во сина или розова боја. Во спротивно ќе треба да избирате неутрални бои (жолта, зелена), а тие и не се толку интересни.
  4. Се зајакнува врската на родителите со бебето. Некои идни родители сакаат да го дознаат полот, затоа што така можат да го замислат пореално и тој мал фетус за нив веќе станува личност.
  5. Вашите деца ќе очекуваат или братче или сестриче, но не и двете. Ако имате претходно деца ќе можете да ги подготвите за пречекот на нивното братче или сестриче, без да бидат збунети.
  6. Ќе ја задоволите вашата љубопитност. Ако сте нестрпливи нема потреба да чекате 9 месеци. Ултразвукот околу 20 недела од бременоста може целосно да ја задоволи вашата љубопитност.
  7. Ќе бидете спремни ако во вашето семејство има генетски наследна болест. Ако во вашето семејство присуствува наследна болест која е поврзана со полот, најдобро е да знаете дали бебето е застрашено или не.

Кои предности ги имате ако не го знаете полот на бебето?

  1. Ќе го зачувате специјалниот момент кога докторот ќе ви го соопшти полот на бебето. Луѓето го правеле ова со векови наназад, па затоа оваа традиција е многу важна за многу родители.
  2. Не го уништувате изненадувањето. Некои луѓе едноставно обожаваат изненадувања, а ова би било едно од најголемите во нивниот живот, па не сакаат да си го уништат.
  3. Ако не го знаете полот на бебето, тој факт ќе ве поттикнува полесно да го преминете процесот на породувањето. Има родители кои оставаат полот на бебето да им биде мистерија, затоа што сметаат дека така очекувањето ќе им дава поттик полесно да се справат со бременоста и породувањето.

Ако не сакате да го знаете полот на вашето бебенце, кажете му го тоа на вашиот гинеколог за да внимава да не ви го уништи изненадувањето.

Иако многу ретко понекогаш се случуваат грешки и вие може да очекувате девојче, а да ве изненади силно момченце. Сепак на крајот полот воопшто не е важен. Вашата љубов кон бебето нема да се промени поради полот и вие ќе го сакате него или неа со целото свое срце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.