Почетна » Семејство » Бременост » Бојадисувањето на косата и бременоста

Бојадисувањето на косата и бременоста

Бојадисување на косата
Најдобро е да не ја бојадисувате косата во првото тримесечје од бременоста.

Дали е безбедно да се бојадисува косата во текот на бременоста? Ова прашање предизвикува дискусии веќе неколку децении и сè уште нема конкретен одговор, кој да е едногласно поддржан од експертите.

Нема докази дека хемикалиите во бојата за коса можат да му наштетат на фетусот, но нема ни докази за тоа дека бојадисувањето е безбедно во текот на бременоста. Недостатокот на докази е породен од фактот дека бремените жени, кои би учествувале во истражување во оваа сфера, би ги изложиле на голем ризик своите идни бебиња. Поради тоа истражувања со луѓе во оваа сфера скоро и да не се извршуваат.

Најдобро е да се консултирате со вашиот доктор пред да решите било што. Ако сакате да го освежите изгледот на вашата коса, можете безбедно да си направите прамени. При бојадисувањето на прамени од косата, бојата не го допира скалпот на главата. Затоа експертите сметаат дека е безбедно.

Ако сепак решите да ја бојадисате косата, еве неколку совети:

  1. Не ја бојадисувајте косата во првото тромесечје. Во првите месеци од бременоста се оформува фетусот и неговите органи.
  2. Просторијата каде што се бојадисувате треба да биде добро проветрена. Мирисот на боја може да предизвика вртоглавица или гадење кај бремените жени.
  3. Не ја оставајте бојата на косата подолго отколку што се препорачува.
  4. Наместо боја употребувајте к'на. К'ната се смета дека е побезбеден начин за бојадисување на косата, затоа што е природен продукт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.