Почетна » Семејство » Брак » Намалете ги шансите за развод

Намалете ги шансите за развод

Можеби вашата мајка или баба ќе ве советува да не прескокнете ниту еден од старите обичаи на свадбениот ден за да имате среќа и долг брак, но ние ќе ви кажеме што навистина влијае врз тоа да имате успешен брак.

Развод
Доколку завршите факултет и почекате до 25-тата година, ги намалувате шансите за развод.
  1. Почекајте до 25-та година. Доколку почекате до вашата 25-та година за да стапите во брак, ќе ги намалите шансите за развод за 24%. Така вие ќе имате неколку дополнителни години да го истражувате светот, да ги направите сите лудости кои сакате да ги направите и правилно да си го изберете мажот, со кој ќе го поминете остатокот од животот.
  2. Имајте бебенце подоцна. Ако имате бебенце откако веќе сте во брак најмалку 7 месеци, вие го намалувате ризикот да завршите со развод за 24%. Двојките кои стапуваат во брак откако ќе забремени жената, најчесто го прават тоа заради бебето, а не затоа што нивната врска е силна.
  3. Завршете факултет. Ако одите на факултет, вие ги зголемувате шансите вашиот брак да успее и го намалувате ризикот од развод со 13%. За тоа постојат две причини. Првата е тоа што со завршен факултет ќе имате подобра работа, ќе заработувате повеќе пари и со тоа ќе ги елиминирате барем финансиските проблеми, кои растураат многу бракови. Втората причина е тоа што вие се учите подобро да комуницирате, а тоа е многу важно за успехот на еден брак.
  4. Бидете верник. Браковите на луѓе, кои се религиозни и веруваат во Бог, имаат 14% поголема веројатност да успеат. Тоа најверојатно е така затоа што религијата не го одобрува разводот, а не затоа што религиозните луѓе се посреќни во бракот.
  5. Одржувајте блиска врска со вашиот татко. Жените кои не одржуваат или имаат слаба врска со својот татко, се изложени на поголем ризик од развод, за разлика од жените кои се блиски со своите татковци. Доколку сте блиски со татко ви, вие сте растеле цел живот со чувството дека сте сакани и безбедни и сега подобро ќе можете да го разберете мажот до вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.