Почетна » Семејство » Брак » Која е идеалната возраст за склучување на брак?

Која е идеалната возраст за склучување на брак?

Тешко може да се даде правилен и точен одговор на ова прашање. Идеалната возраст за склучување на брак зависи од многу фактори, а најмногу од самите личности.

Млад брачен пар
Не постои точно определена возраст, која да е идеална и која би ви гарантирала среќен брак.

Што покажуваат истражувањата?

Денес постои тенденција за одложување на стапувањето во брак. Сè повеќе парови започнуваат да живеат заедно, без да си го кажат судбоносното „да“. Всушност, истражувањата во Америка покажуваат дека средната возраст за склучување брак кај жените веќе е 25 години, а за мажите-28. Најголем дел од младите парови скокаат во брачните води кон крајот на нивните 20-ти или во почетокот на 30-те години.

Кои се причините за таа тенденција?

Кариерата е една од основните причини, поради која посериозните млади го избегнуваат бракот. Други пак сакаат „да го изживеат животот“ и да патуваат слободни пред да стапат во сериoзна врска. Кај некои финансиите се основната пречка, која ги дели од заеднички живот како ново семејство.

Заклучокот...

Не постои точно определена возраст, која да е идеална и која би ви гарантирала среќен брак. Пред да се решите на тој чекор, потребно е да помислите основно за две работи:

  1. Дали сте заљубени? Ако не сте убедени дека вашиот партнер е оној, со кој сакате да го поминете целиот живот, подобро е да не избрзувате. Бракот треба да биде круната на вашата љубов и ако таа љубов не постои, најдобро ќе биде и за двата да не случувате брак во кој ќе се измачувате.
  2. Дали сте финансиски стабилни? Доколку не можете да се издржувате, подобро е да го одложите овој важен чекор. Бракот е основата за создавањето на семејство, а ако не можете сега да имате убав живот, сето тоа ќе се влоши кога ќе имате бебенце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.