Почетна » Семејство » Брак » Идеалната жена и идеалниот маж

Идеалната жена и идеалниот маж

Ако некогаш идеалната жена била идеална домаќинка, дали денес тоа мислење веќе е застарено? А каков би требало да биде идеалниот маж?

Според последните истражувања, повеќето мажи сè уште сакаат традиционална жена, која да биде добра домаќинка, а жените сакаат маж кој ќе го почитува нивното мислење и ќе го издржува финансиски семејството.

Каква е идеалната жена?

Кога 1500 учесници во едно истражување биле запрашани, кои се најдобрите особини кои една жена треба да ги поседува, тие ги посочиле следните одговори:

ДомакинкаИдеалната домакинка треба да се грижи за домот, да чисти, да готви и да биде добра мајка.
  • Да се грижи за домот – 44%;
  • Да готви – 39%;
  • Да чисти – 33%;
  • Да биде добра мајка – 31%;
  • Да го почитува мислењето на мажот – 31%.

Тоа значи дека мажите сè уште го имаат истото мислење, како и порано. Тие најмногу сакаат жена која да биде идеална домаќинка и добра мајка. Само 16% од нив посочиле дека им е важно жената да биде финансиски независна.

Каков е идеалниот маж?

Кога женските учеснички во истото истражување биле запрашани да ги посочат најважните особини кои треба да ги поседува еден маж, тие ги посочиле следните одговори:

Богат маж
Идеалниот маж треба финансиски да го обезбедува семејството.
  • Да го почитува мислењето на жената – 44%;
  • Да биде финансиски стабилен – 38%;
  • Да биде добар татко – 27%;
  • Да се грижи за машките обврски во домаќинството – 25%;
  • Семејството да му биде приоритет – 22%.

Додека мажите не бараат од жената да биде финансиски стабилна, жените очекуваат мажот да биде тој што ќе го носи лебот во куќата. Очигледно очекувањата на мажите и жените кон своите партнери не се менуваат толку лесно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.