Почетна » Семејство » Бебе » Нега на чувствителната бебешка кожа

Нега на чувствителната бебешка кожа

Бебешката кожа е многу нежна и чувствителна и затоа е потребно многу да внимавате за нејзината нега. Деликатната кожа може да биде раздразнета и иритирана од многу нешта. Хемикалиите во некои продукти за нега, парфемите и детергентите се само дел од многуте потенцијални причинители на воспаленија, иритација и осип.

БебеБебешката кожа е многу нежна и чувствителна и за да се избегнат осипи и иритација, потребно е да биде внимателно негувана.

За среќа, постојат многу начини да ја заштитите деликатната кожа на вашето бебенце.

Осипи

Малите бебиња се склони кон осипи. Добрата вест е што повеќето од нив не предизвикуваат штета и исчезнуваат по кратко време.

Најраспространет проблем е т.н. пеленски осип. Тој најчесто е предизвикан поради контактот на бебешката кожа со урината или столицата или заради претесни пелени, но може да биде предизвикан и ако кожата после капење не е доволно исушена, од бактерија, примање на антибиотици или од одреден бренд на пелени и влажни марамчиња. Во повеќето случаи на ваков тип осип не е неопходна медицинска помош.

Ако вашето бебе има зацрвенета кожа во областа на пелените, еве неколку совети:

  1. Проверувајте ги пелените на бебето многу често.
  2. Ако пелените се влажни или валкани веднаш треба да бидат сменети.
  3. Не ги стегајте пелените. Тие не треба да бидат претесно поставени.
  4. Капете го вашето малечко или само со вода или со нежни бебешки продукти, по можност без никаква или со слаба миризба.
  5. Не користете бебешки влажни марамчиња, туку нежна чиста влажна крпа. Парфемот или алкохолот од влажните марамчиња може дополнително да ја иритира бебешката кожа.
  6. Внимателно и целосно сушете ја неговата кожа после капење. Не му ги ставајте пелените, ако неговото газе не е доволно суво. Исто така, не треба да триете со крпа за да ја исушите кожата.
  7. Не користете бебешка пудра.
  8. Ако осипот не помине за 2-3 дена или ако се влошува, веднаш контактирајте со вашиот педијатар.

Капењето

Претоплата вода и честото капење можат дополнително да ја исуши бебешката кожа. На тој начин природната маснотија исчезнува и кожата е склона кон иритација. Еве неколку совети за капењето со кои можете да ја спречите појавата на осип:

  1. Најдобро е да не го капите вашето малечко секој ден. Три пати неделно се сосема доволно.
  2. Времето на капење треба да биде минимално, затоа што предолгата изложеност на вода ја суши нежната кожа кај бебињата.
  3. Користете нежни продукти наменети за бебиња, по можност без силна арома.
  4. Капете го детално. Не пропуштајте ги местата зад ушите, помеѓу насобраната кожа и прстите на рацете и нозете. Тоа е малку поголем предизвик, затоа што бебињата се склони да ги држат рацете во тупаница.
  5. По капењето, пред да му ги ставите пелените, бидете сигурни дека целосно сте ја исушиле неговата кожа.
  6. Најдобри креми за нега на бебешката кожа се оние кои содржат цинк оксид.

Ткаенините

Избирајте нежни ткаенини кои ќе бидат пријатни за кожата на бебето. Облеката која е 100% од памук ѝ овозможува на кожата да дише и не ја иритира.

Внимавајте со каков детергент ја перете облеката на вашето најмило. Користете нежни прашоци за перење.

Секогаш кога ќе купите нова облека, прво треба да ја исперете. Дури и да е купена од најелитната продавница, ако не е идеално чиста, може да предизвика иритација на кожата на вашето бебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.