Почетна » Семејство » Бебе » Како да му помогнете на вашето бебе побрзо да прооди?

Како да му помогнете на вашето бебе побрзо да прооди?

Самостојно седење, превртување од грб на стомак и обратно, исправување со помош на мебелот, секоја важна етапа од развојот на бебето предизвикува радост кај родителите, но најверојатно најочекуван е оној момент кога малечкото бебе ќе ги направи своите први чекори. Замислете ја гордоста на лицето на мама и тато: „Нашето малечко не е повеќе бебе, сега тоа е дете“.

Проодување

Проодувањето е нормален процес и вашето бебе кога-тогаш ќе помине низ него, но вие како родител може да го скратите времето до првите самостојни чекори преку следниве активности:

  1. Уште откако ќе се роди, овозможувајте му што повеќе време да лежи на стомак. Иако повеќето новороденчиња го мразат во почетокот, лежењето на стомак е најдобриот начин за да ги развиваат мускулите на грбот и вратот, кои се потребни за проодување.
  2. Кога ќе започне да седи самостојно, ставајте му играчки подалеку од него за да ги дофати. На тој начин ќе го натерате да се движи (или барем да се обидува), зголемувајќи ја мускулната активност на екстремитетите.
  3. Поттикнувајте го лазењето. Лазењето му помага на бебето да развие координација и побрзо да разбере како функционира движењето и како да ги движи рацете и нозете истовремено. Заедно лазете на подот што почесто или со поставување на интересни играчки поттикнувајте го бебето да лази од едниот до другиот крај на просторијата.
  4. Избегнувајте ги дубачињата. Иако кај нас речиси секој родител употребува дубаче за своето бебе, ААП (Американската академија на педијатри) постојано повикува на забрана на овие помагала, а во Канада веќе се забранети. Според ААП, дубачињата не само што не му помагаат на бебето да ги зацврсти мускулите на нозете, туку се и опасни.
  5. Кога бебето ќе може да стои самостојно, зголемете го максимално времето кое го минува на нозе. Играјте си со вашето малечко или пејте му додека е исправено за да го поврзува стоењето со игра и да му е забавно. Колку повеќе ги користи нозете, толку посамоуверено ќе се чувствува за да ги направи првите чекори.
  6. Дозволете му да стои во креветчето. Детските креветчиња се одлично место за вашето бебе да помине повеќе време на нозе. Тие се затворени, а оградата му служи како стабилна површина за придржување. Исто така, кога бебето ќе падне, го очекува мека површина, што го минимизира ризикот од повреди. Повеќе од доволно е вашето малечко да си игра во креветчето 30-тина минути дневно.
  7. Купете проодувалка. Проодувалките се одлични за бебињата на кои им е потребна дополнителна помош со балансот и самоувереноста. Тие имаат тркала, лесни се за туркање, а истовремено му влеваат самодоверба на бебето, бидејќи тоа постојано има за што да се држи додека се движи низ собата.
  8. Или искористете ја топката за пилатес. Застанете на колена во положба која ви овозможува да ја движите топката и да внимавате на бебето. Дозволете му на бебето да се држи на задниот дел од топката додека вие бавно ја тркалате низ собата.
  9. Одолејте му на искушението да го носите вашето бебе во рацете. Дозволете му самото да оди, а вие помагајте му држејќи го за рака.
  10. Охрабрувајте го да се движи покрај кревет, држејќи се за мекиот раб. Ставете му ја омилената играчка на едниот крај на креветот, а потоа поттикнете го вашето малечко да стигне до неа, држејќи се за работ на креветот. На почетокот седете непосредно до него, а кога ќе увидите дека му се зголемува самодовербата, оддалечете се.
  11. Прескокнете ги обувките. Бебињата полесно учат да одат кога се боси. Обувките ги спречуваат да ја користат нивната способност за „фаќање“ на подот со прстите и да одржуваат баланс.
  12. Не паничете ако одеднаш бебето престане да оди и се врати кон лазењето. Често се случува бебињата да направат „пауза“ откако ќе проодат. Некои бебиња се враќаат кон лазењето по лошо паѓање или по болест.
  13. Не се обидувајте да ги избегнете паѓањата, трудете се да го направите домот побезбеден. Запомнете, паѓањата и проодувањето одат рака под рака. Овозможете му на бебето максимална заштита кога ќе падне, претворајќи го вашиот дом во безбедно место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.