Почетна » Семејство » Бебе » Заштитете го вашето бебе од сонцето

Заштитете го вашето бебе од сонцето

Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или долготрајна штета на вашето бебе. Сонцето може да предизвикаат многу повеќе од неудобност и болка. Значителните изгореници во детството може да предизвикаат развивање на рак на кожата подоцна во животот. Бебешката кожа е многу нежна и треба да биде правилно заштитена од сонцето.

Како и возрасните, така и бебињата со посветол тен треба повеќе да се заштитуваат, дури и во облачни денови. Можете да ја заштитите нежната кожа на вашето бебенце со помош на кремови со заштитен фактор или со покривање на кожата.

Кремови за заштита од сонце

Крем за заштита од сонце
Бебешката кожа треба да биде заштитена со крем со висок заштитен фактор.

Секогаш употребувајте кремови за заштита од сонце, кои се специјално наменети за заштита на бебешка кожа. Ако употребувате кремови за возрасни, можете да предизвикате иритација на бебешката кожа.

Користете кремови со висок заштитен фактор (SPF50), за да му осигурите на вашето бебе максимална заштита од ултравиолетовите зраци. Но, внимавајте. Кремот нема да стои цел ден на кожата на бебето. Дури и да стои кремот по кожата, не го оставајте бебето изложено да сонце кога е висока температурата.

Облека за заштита од сонце

Бебе со облека
Облеката е потребна за заштита на бебешката кожа од сонцето.

Капата е можеби првото нешто што ви доаѓа на ум, кога станува збор за заштита од сонцето. И во право сте да мислите така. Капата ја заштитува нежната кожа на лицето на бебето и го заштитува главчето од силното сонце. Најдете капа која ќе му биде удобна на вашето бебе, за да не ја вади постојано.

За да го заштитите телото на бебето, потребно е да му облечете маица. Маицата треба барем да биде со куси ракави, затоа што рамената се сончаат најбрзо кога се изложени на сонце.

Чадор за заштита од сонце

Чадор за сонце
Најдобро е на плажа бебето да биде заштитено со чадорче.

Користете и дополнителна заштита за бебето, кога го изложувате на сонце. Постојат мали чадорчиња кои се прицврстуваат на количката, за да биде заштитено вашето најмило додека сте на прошетка. Можете да го менувате аголот на чадорчето за да ја заштитите максимално кожата на бебето.

На плажа пазете да не го изложувате бебето на сонце, особено од 10 до 5 часот. Користете ги сите можни начини за да ја заштитите неговата нежна кожа. Дури и да е облачно, вие погрижете се вашето бебе да биде заштитено од ултравиолетовите зраци, кои продираат и преку облаците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10294 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.