Доколку во летните денови барате полесен оброк, тогаш овие ќофтенца од тиквички и моркови ќе бидат добредојдени на вашата трпеза.
Состојки
| 2 | тиквички |
| 2 | моркови |
| 2 | јајца |
| 3 лажици | брашно |
| 4 лажици | гриз |
| 1 лажичка | сол |
| 1 лажичка | сода бикарбона |
| 1 лажичка | мешан сув зеленчук |
| ½ лажичка | мелен лук (по избор) |
| црн бибер (по избор) | |
| масло за пржење |
Начин на подготовка
- Излупете ги тиквичките и морковите и изрендајте ги. Тиквичките рендајте ги покрупно, а морковите поситно.
- Ставете ги во цедалка и промешајте за да се исцеди водата која ја испуштаат тиквичките. Додајте им ја солта и оставете ги да се цедат околу 10 минути. Доколку е неопходно, притиснете ги со дланките за да ја истиснете течноста.
- Префрлете ги во длабок сад и додајте ги сите останати наведени состојки. Добро промешајте ја добиената смеса.
- На тивок оган ставете масло да се загрее во подлабоко тенџере.
- Со голема лажица црпете од смесата или правете форми со рацете и внимателно ставајте ги во загреаното масло.
- Откако ќофтињата ќе добијат златна боја, извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да го отстраните вишокот масло.
- Послужете со сос од павлака и ситно изрендана краставица.




