Состојки
 
| 300g | сланина, исечкана | 
| 1 | пакетче шпагети | 
| 200ml | слатка павлака | 
| 3 | јајца | 
| 150g | пармезан | 
| 1 | супена лажичка магдонос | 
| 150g | пармезан | 
| исечкан лук (по вкус) | |
| црн пипер | |
| масло | |
| сол | 
Подготовка
- Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
- Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
- Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
- Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
- Зачинете со магдонос и црн пипер.
- Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
- Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.
!
Совети:
Многу често рецептите за сос карбонара не содржат слатка павлака. Ако не сте љубители на павлака, слободно можете да ја исклучите од рецептата.
Наместо магдонос, можете да користите босилек.
 
		 

 
 
 
 
