Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Чоколадна лава

Чоколадна лава

Барате рајски чоколаден десерт? Потрагата нека заврши. Колачите со чоколадна лава не само што ќе бидат рај за вашите очи, туку и ќе го стимулираат вашето сетило за вкус на најдобриот можен начин.

Кај колачите со чоколадна лава најмногу ќе ве изненади тоа што се толку лесни и едноставни за приготвување. За половина час пред вас ќе имате чоколадни колачи со кремаста течна внатрешност, која ќе ви достави неверојатно задоволство.

Колач „Чоколадна лава“Колач „Чоколадна лава“

Состојки

120gчоколадо за готвење
120gпутер
1 шолјашеќер во прав (100g)
2јајца
2жолчки од јајца
6 лажицибрашно

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.

Ако сакате да ги изненадите гостите со овој превкусен десерт, можете предвреме да ја приготвите смесата и да ги наполните калапите, па ќе ви остане само да ги ставите в рерна 10 минути пред да ги послужите колачите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.