Чизкејк

Чизкејк си јагодиЧизкејк со јагоди
Чизкејк со слатко од јагоди Чизкејк со слатко од боровинки Чизкејк

Чизкејкот е извонреден десерт кој е исклучително популарен во светот. Токму поради неговата популарност, постојат многу различни верзии прилагодени според вкусовите на различните нации.

Составен е од два дела: основа, направена главно од трошки од чајно пециво, бисквити или кекс и фил, направен од засладено меко сирење или крем сирење. Во Америка за приготвувањето на чизкејк најчесто се користи крем сирење, а во Италија сирење рикота или маскарпоне.

За да има уште побогат вкус, одгоре се става свежо овошје, исечкани јаткасти плодови или пак слатко од овошје.

Еве еден од многуте рецепти за чизкејк и неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го приготвите овој десерт како професионалец.

Состојки

Пандишпан:

2 шолјитрошки од чајно пециво
3 с.л.топен путер или маргарин
3 с.л.шеќер

Фил:

800gкрем сирење
1 шолјашеќер
3 с.л.пченкарно брашно
1 с.л.екстракт од ванила
1 шолјакисела павлака
4јајца
свежо овошје (јагоди, боровинки, киви)

Инструкции за приготвување

  1. Во длабок сад измешајте ги трошките од чајно пециво со топениот путер и додајте 3 с.л. шеќер. Наместо трошки од чајно пециво, можете да издробите бисквити или пак кекс.
  2. Обложете правоаголна тава за печење со едно големо парче алуминиумска хартија, чии што рабови треба да излегуваат надвор од тавата за да можат подоцна да послужат како рачки за лесно подигање на тортата.
  3. Истурете ја смесата со трошките во тавата, распоредете ја подеднакво насекаде и со помош на дно на чаша притискајте за да оформите пандишпан.
  4. Еден од триковите за правењето на чизкејк е јајцата и крем сирењето да бидат на собна температура. Уште подобро е пред да го употребите крем сирењето, да го омекнете во микробранова печка 15 секунди.
  5. Во длабок сад ставете го крем сирењето, додајте 1 шолја шеќер, 3 с.л. пченкарно брашно, 1 с.л. екстракт од ванила и 1 шолја кисела павлака.
  6. Мешајте со миксер додека смесата не стане хомогена, без грутки.
  7. Додавајте ги јајцата едно по едно. По секое додадено јајце мешајте со миксерот додека не се соедини со смесата. Но, не претерувајте со мешање, затоа што при печењето така може полесно да испука горниот дел.
  8. Претурете ја смесата во тавата за печење и разнесете ја рамномерно.
  9. Печете 40-45 минути во претходно загреана рерна на 180°C, додека рабовите на тортата не започнат да ја менуваат бојата. Центарот може да ви изгледа како да не е доволно печен, но кога ќе олади ќе изгледа одлично.
  10. Извадете ја од рерната и оставете ја да се излади на собна температура. Потоа покријте ја со фолија и ставете ја да отстои во фрижидер минимум 4 часа пред сервирање. Најдобро е да стои во фрижидер 1 ден.

Пред сервирање, врз чизкејкот наредете парчиња свежо или конзервирано овошје, исечкани јаткасти плодови, премачкајте со џем од овошје... Искористете ја вашата фантазија и збогатете го силниот вкус на чизкејкот.

Наместо правоаголна тава, можете да користите тркалезна. Голем проблем при печењето на тортата е што горниот слој може да испука. Пченкарното брашно има намена да го ублажи пукањето. Ако во вашиот рецепт за чизкејк нема пченкарно брашно, можете слободно да го додадете за да го избегнете непријатното пукање. Доколку и покрај сите напори горниот слој испука, тогаш на помош доаѓа овошјето.

Романтичен совет

Исечете дел од тортата во форма на срце. Премачкајте го со џем од јагоди, а од страните ставете му чоколадни трошки или пак мелен орев, лешник или бадем. Украсете со свежа јагода.

Чизкејк во форма на срцеЧизкејк во форма на срце

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.