Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Супер крцкави мали палачинки од компири

Супер крцкави мали палачинки од компири

Идеално мезе за лежерен пречек на гости, совршено предјадење, најпримамлив додаток на зачинет специјалитет, дури и превкусна основа на комплетен оброк... Откако еднаш ќе ги направите крцкавите мини палачинки од компири, тие ќе прераснат во незаменлив дел од вашиот кулинарски „арсенал“ за освојување комплименти.

Златните дискови со неправилна форма (latkes), кои се асоцираат со празникот Ханука, се лесни за подготовка, а толку крцкави и вкусни што не е возможно да не слушнете „Ммм, мх, мх...“.

Палачинки од компири

Состојки

1 кгкомпири, излупени и рендани
1 главицажолт кромид, рендана
3 големи лажицибрашно
Vegeta Natur за крцкави компирчиња
½ лажичка црн бибер
масло за готвење
млад кромид (за декорација)
кечап (опционално)
кисело млеко (опционално)
пире од јаболка (опционално)
Палачинки од компири

Подготовка

  1. Изрендајте го кромидот и оставете го да се цеди.
  2. Излупените компири изрендајте ги (половина на крупно, половина на ситно). Веднаш префрлете ги во кујнска крпа и исцедете ја течноста од нив. Не чекајте премногу, бидејќи компирите ќе започнат да потемнуваат. Доколку ви се налага да почекате, ставете ги компирите во вода за да го спречите потемнувањето.
  3. Во ренданите компири, додајте го кромидот, а потоа и брашното, зачинот Vegeta Natur за крцкави компирчиња и црниот бибер. Внимателно промешајте ја смесата.
  4. Во тава за пржење, ставете доволно масло за да биде прекриено дното. Од смесата правете мини палачинки и ставајте ги да се пржат на средна температура. Не трудете се да бидат во правилна форма, бидејќи тоа е дел од шармот на ова јадење.
  5. Пржете по околу 4 минути по страна, односно додека да добијат златна боја.
  6. Слатка варијанта: Една од најпопуларните комбинации вклучува пире од јаболка, кое може да се подготви екстремно брзо дома. Едноставно излупете 3-4 јаболка и исечкајте ги на мали парчиња. Ставете ги во тенџере покриено со капак заедно со еден филџан вода. Штом ќе омекнат, ставете ги во блендер и ќе добиете домашен овошен сос за многу намени.
  7. Солена варијанта: Служете ги со кисело млеко и млад кромид, кечап или сенф. Поросете со Vegeta Natur за крцкави компирчиња и дајте им избор на гостите да експериментираат со сосови.
Палачинки од компири

Одлична опција е да направите минимално поголема палачинка од смесата и да ја надградите со кисело млеко, млад кромид и месо, за да добиете оброк од кој сите ќе бидат задоволни.

Палачинки од компири

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8877 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.