Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Сочни, вкусни и хранливи: Туна бургери

Сочни, вкусни и хранливи: Туна бургери

Во време кога силно се препорачува седењето дома, сите талкаме по возбудливи новитети, па експериментирањето во кујната е не само забавна, туку и полезна активност. Додека одговорно се релаксирате во домашна атмосфера, ви предлагаме да испробате сочна, превкусна и поздрава алтернатива на класичните хамбугери – бургери од туна.

Направете ги за ручек или вечера и веднаш ќе се уверите дека многу брзо и лесно се приготвуваат, а уште побрзо се разграбуваат.

Туна бургери

Состојки

бургер лепчиња

За плескавиците

2 конзерви EVA туна на парчиња во маслиново масло (320 грама)
½ шолјамагдонос
2-3млади кромитчиња
½ шолјалебни трошки
2јајца
1лимон
1 мала лажичкасвеж ѓумбир
1 чили пиперче
сол
црн бибер
масло за готвење

За сосот

8-10 кисели краставички
3 големи лажицимајонез
Туна бургери

Подготовка

  1. Исцедете ја EVA туната, но оставете малку од маслиновото масло и ставете ја во длабок сад. Исецкајте ги магдоносот, младото кромитче и чили пиперчето и додајте ги во туната. Исцедете го лимонот во смесата, ставете ги лебните трошки, јајцата и ѓумбирот, зачинете со сол и бибер и добро промешајте.
  2. Од смесата оформете плескавици во големина по желба. Од посочените состојки излегуваат 7 мали плескавици или 4 големи. Најдобро е да ги оставите половина час во фрижидер за да се постегнати пред готвењето.
  3. Пржете ги плескавиците во масло за јадење на средна температура по околу 3-4 минути од страна односно додека да придобијат златно-кафеава крцкава површина.
  4. За да го направите сосот, изрендајте ги на ситно киселите краставички и измешајте ги со мајонезот.
  5. Финиширајте ги бургерите така што во секое лепче ќе ставите марула, плескавица од туна и сос.
Туна бургери Туна бургери Туна бургери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.