Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Слатко-кисело пилешко

Слатко-кисело пилешко

Слатко-кисело пилешкоПилешко месо во слатко-кисел сос со зеленчуци, ананас и ориз
Слатко-кисело пилешко Слатко-кисело пилешко Слатко-кисело пилешко

Кинеската кујна е многу интересна, затоа што често спојува различни ароми и зачини. Ако сте љубител на кинеската храна, сигурно сте пробале пилешко месо во слатко-кисел сос. Невообичаената егзотична комбинација не е прифатлива за секого, но многумина уживаат во миксот на вкусови.

Ако и вие го обожавате ова јадење или едноставно сакате да пробате нешто ново, еве како да го приготвите.

Состојки

Пилешко:

1kgпилешки гради (без кожа и коски)
1шолја брашно
½шолја млеко
2јајца
зачини: црн пипер, ѓумбир, лук во прав (по вкус)

Зеленчуци и ананас:

1зелена пиперка
1црвена пиперка
1глава кромид
2моркова
500gананас (од конзерва)

Слатко-кисел сос:

½ шолјасок од ананас (од конзервата)
¼ шолјашеќер
¼ шолјацрвен вински оцет
3 с.л.сок од лимон
2 с.л.пченкарно брашно

Подготовка на пилешкото

Исечкајте го пилешкото месо на коцки (не премногу ситни).

Во длабок сад ставете ги јајцата и млекото. Матете додека не се добие хомогена смеса. Во друг плиток сад промешајте ги брашното и зачините.

Во тавче ставете околу 1cm масло. Загрејте го. Земете дел од парчињата пилешко и потопете ги во садот со јајцата и млекото. Потоа извадете ги и валкајте ги во садот со брашното. Ставете ги во загреаното масло и пржете додека не добијат златна боја. Превртувајте ги парчињата за да бидат испржени подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги во сад со хартија за да се исцеди маслото. Повторете ја постапката неколку пати, додека не го приготвите целото месо. Оставете го настрана.

Подготовка на сосот

Во мал длабок сад, промешајте го пченкарното брашно со малку вода, додека не добиете течна хомогена смеса.

Во тенџере ставете го сокот од ананас и додајте 1 шолја вода. Загрејте го на тивок оган. Полека додавајте од шеќерот, постојано мешајќи. Откако ќе се раствори шеќерот, полека додајте го винскиот оцет, па сокот од лимон, без да престанувате со мешање.

Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода. Продолжете постојано да мешате. Сосот ќе зоврие, па ќе почне да се згуснува. Тргнете го од огнот откако ќе ја постигнете посакуваната густина (треба да изгледа како сируп). Оставете го настрана.

Подготовка на зеленчуците и спојување на деловите

Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечкајте ги на квадратни парчиња од 1-2cm. Излупете го кромидот и исечкајте го на мали парчиња од 1-2cm. Исчистете ги морковите и исечкајте ги дијагонално на тенки парчиња.

Ставете малку масло во големо тавче (ако имате вок, искористете го). Загрејте го на средна температура. Додајте ги сите зеленчуци (без ананасот) во тавчето и гответе додека кромидот не добие златна боја, притоа често промешувајќи.

Додајте го претходно приготвениот сос и продолжете да мешате додека не се соедини сосот со зеленчуците.

Ако парчињата ананас се во форма на круг, исечкајте ги на коцки. Додајте ги во тавчето заедно со приготвените парчиња пилешко. Мешајте на тивок оган, додека не се затоплат.

Можете да го сервирате јадењето со ориз со кари. Добар апетит!

Совет

За попривлечен изглед, можете да додадете неколку капки црвена прехранбена боја додека го приготвувате сосот.

Како алтернатива, можете да користите кафеав шеќер и ќе добиете потемна боја на сосот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.