Крем супата од компири е неодоливо предјадење кое со својот богат вкус и арома ќе ги разбуди сите ваши сетила и ќе ги подготви за главното јадење. Разнообразете го вашето мени со оваа крем супа која не одзема многу време за подготовка, а ќе зборува многу за вашите готварски способности.
Крем супа од компири
Состојки
| 2 | компири, излупени и исечени на коцки |
| 2 шолји | вода |
| 1 | голем кромид, ситно сечкан |
| 1/4 шолја | путер |
| 1/4 шолја | сенаменско брашно |
| 1 лажичка | сол |
| 1/2 лажичка | мајчина душица |
| 1/4 лажичка | рузмарин |
| 1/4 лажичка | бибер |
| 1 ½ чаши | Битолско трајно млеко со 3,2% мм |
Инструкции за приготвување
- Варете ги коцките компири во сад со две чаши зовриена вода, додека не смекнат.
- Во поголема тава растопете го путерот и испржете го кромидот. Додајте го брашното, солта и останатите зачини.
- Пополека додавајте го Битолското трајно млеко со постојано мешање, додека не зоврие, па гответе уште 3 минути.
- Ставете ги варените компири, добро измешајте ја целата смеса и оставете ја да се вари уште малку.
