Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Готвиме со Александра Шијакоска: Највкусните ќебапчиња во 4 едноставни чекори

Готвиме со Александра Шијакоска: Највкусните ќебапчиња во 4 едноставни чекори

Ја познаваме како мотивирачки водич низ стилски и туристички приказни, а сега ќе влеземе во кујната со популарната македонска блогерка Александра Шијакоска.

Кулинарската авантура ја започнуваме со превкусни ќебапчиња кои со молскавична брзина летаат од трпезата кон љубопитните усти.

И најинтересното е што рецептот е екстремно лесен, без ризик за грешки.

Александра Шијакоска

Состојки

3 ќесичкиFant за ќебапчиња и плескавици
200 мл минерална вода
1 кг говедско мелено месо
800 гр свинско мелено месо

* Посочените состојки се за 8 лица.

Подготовка

1

Во содржината на ќесичките Fant ја додаваме водата и мешаме. Оставаме да отстои неколку минути.

Ќебапчиња
2

Смесата ја додаваме во мешавината од меленото говедско и свинско месо. Го месиме месото добро и го оставаме да отстои најмалку 2 часа.

Ќебапчиња
3

Од месната смеса оформуваме ќебапчиња со должина од околу 6-7 сантиметри.

Ќебапчиња
4

Ги готвиме ќебапчињата во грил тава и ги сервираме со сезонски додатоци – ајвар, туршија, пиперчиња, крокети и сл.

Ќебапчиња

На здравје!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.