Маргарита

Маргаритата е легендарен коктел. Тој е еден од најпопуларните коктели во светот. Се приготвува многу лесно и е идеален коктел за да го изненадите вашето друштво.

Историја на коктелот Маргарита

Постојат различни верзии за создавањето на овој коктел. Според една од нив, коктелот Маргарита е создаден во 1948г. од познатата дама Маргарита Сајмс за време на нејзината божиќна забава во Акапулко, Мексико. Со комбинирање на текила, Cointreau (ликер од портокал) и сок од зелен лимон, таа го создава познатиот коктел кој го носи нејзиното име.

Друг популарен мит говори дека коктелот го носи името на познатата американска актерка Марџери Кинг, која била алергична на сите видови жесток алкохол освен на текила. Специјално за неа барменот Дени Ерера од Тихуана, Мексико го создава овој коктел и го именува според актерката. Марџери во превод на шпански е Маргарита.

Има уште неколку различни митови за создавањето на коктелот Маргарита. Кој од нив е точен не се знае, но производителот на ликерот Cointreau ја смета 1998г. за јубилејна година од создавањето на коктелот.

Состојки

40mlтекила
20mlликер од портокал (Cointreau, Triple sec)
10mlсок од зелен лимон
сол
мраз
Маргарита

Подготовка

Чашата во која што се служи коктелот Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен.

  1. Со парче лимон навлажнете го работ на чашата и потопете го во сад со покрупна сол.
  2. Состојките ставете ги во шејкер и додајте мраз.
  3. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
  4. Потоа прецедете ја течноста и налејте ја во претходно приготвената чаша.
  5. Украсете го коктелот со парче зелен лимон.

Има различни варијанти на овој коктел. На пример, сината Маргарита се прави со Blue Curacao (син ликер од портокал). Некои бармени додаваат и други ликери освен ликерот од портокал. Можете да пробате да ги комбинирате состојките во различен однос, во зависност од вашиот вкус. Не се ограничувајте.

Замрзната Маргарита – Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.