• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Пијалаци и коктели

Ег-ног – традиционален млечен пијалак

8 ноември 2011, 13:53
  • cподели

Ег-ног (egg nog) е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова Година. Ова е еден од оние пијалаци кои или ги обожавате и едвај чекате да уживате во нивниот вкус, или ги мразите и не можете да ги поднесете.

Изненадете ги вашите најблиски и придружете им се на милиони луѓе низ светот кои ќе уживаат во специфичната арома на овој кремаст пијалак за време на претстојните празници.

Ег-ногЕг-ног

Состојки

4жолчки од јајца
150mlкондензирано млеко (засладено)
1 лажицашеќер
1 лажичкаванила
4 ½ чашиБитолско трајно млеко со 3,2% мм
4белки од јајца
30mlрум
1/4 лажичкаморско оревче (рендано)

Инструкции за приготвување

  1. Матете ги жолчките од јајцата во поголем сад додека не се згуснат, а потоа постепено додавајте ги двата типа на млеко, шеќерот и ванила екстрактот.
  2. Во друг сад изматете ги белките од јајцата и потоа искомбинирајте ги со претходно приготвената смеса.
  3. Додајте го румот и украсете пред сервирање со рендано морско оревче.

Наместо морско оревче, можете да употребите цимет во прав и да украсите со стапче цимет.

!

Внимание: рецептот содржи сирови јајца

Поради малиот ризик од салмонела и други заболувања, бидете внимателни при приготвување на јадења кои содржат сирови јајца. Користете само свежи јајца од проверен произведувач кои се чувани во фрижидер.

Tags
ег-ног

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.