Б-52

Б-52 (B-52) е вкусен коктел кој привлекува со својот интересен изглед. Името го добива по американските авиони бомбардери Б-52.

Состојки

15mlликер од кафе (Kahlua, Tia Maria)
15mlликер од ирски крем (Baileys, Irish Cream)
15mlликер од портокал (Grand Marnier, Triple sec, Cointreau)

Подготовка

Коктелот Б-52 се служи во мала чаша како за текила. Трите состојки имаат различна густина и поради тоа можеме да добиеме три слоја.

Б-52
  1. Започнете со ликерот од кафе. Налејте го во чашата.

    Наредниот пијалок треба да претставува нов слој и треба да има видлива и јасна граница меѓу двата слоја. Затоа ви е потребна лажица.

  2. Поставете ја лажицата до работ на чашата, точно над ликерот од кафе. Внимателно и со тенок млаз налевајте го ликерот од ирски крем врз лажицата. Ако го правите правилно, треба да има два слоја во чашата кои не се мешаат.
  3. Последниот слој е ликерот од портокал. Повторете ја истата постапка со лажицата. Бидете внимателни и не се разочарувајте ако слоевите се измешаат.

Варијации

Б-53 е Б-52 плус водка (четири слоја).
Б-54 е Б-52 плус амарето (четири слоја).
Б-55 е Б-52 плус апсент (четири слоја).
Б-52 во пустина е Б-52 со текила наместо ликер од ирски крем.

Б-52 – Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.