Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Пикантни и богати: Мексикански вегански такоси од @marijamarijamarija

Пикантни и богати: Мексикански вегански такоси од @marijamarijamarija

Патувањата ни ги прошируваат видиците, ни го збогатуваат животот од најразлични аспекти и ни ги „отвораат“ сетилата за нови вкусови и ароми. Тоа многу добро ѝ е познато на Марија, која кога и да ги спои двете најголеми страсти за патување и готвење, мами воздишки на Instagram профилот @marijamarijamarija.

Македонката со изострено око за естетика се приклучи на возбудливото кулинарско патешествие околу светот со зачините Vegeta Maestro со рецепт инспириран од нејзиното неодамнешно патување во еклектичното и колоритно Мексико.

Зошто баш Мексико? Затоа што неодамна се вратив од таму и сè уште сум под импресии од културата, историјата, природата, плажите и секако... ХРАНАТА! Иако не можам да кажам дека мексиканската кујна ми е на прво место (мислам дека aзиската сè уште води), сепак има некој кулинарски шарм во она што го приготвуваат таму. Јас лично многу сакам улична храна и Мексико е едно од местата каде баш уличната храна преовладува и е многу вкусна и разновидна (иако се познати месојадци, сепак, бев многу пријатно изненадена од големиот избор на веганска храна) и нели, највкусното и најсочното гвакамоле.

А по што е најпозната мексиканската кујна? По зачините. Нема да верувате колку нивната храна е зачинета, десетици видови на чили: од најблаго од отров луто, но и тоа има некаков шмек. Јас лично не преферирам толку зачинета храна, па мојот рецепт е инспириран, но прилагоден, модериран и балансиран. Одбрав да правам такоси, затоа што се една од најчестите улични храни што ги јадев. Таму најчесто ги прават само со печурки, пченка и лајм, но јас направив една моја верзија на полнење со ореви. Се надевам дека ќе ви се допадне.

@marijamarijamarija

Мексикански вегански такоси Мексикански вегански такоси

Состојки

500 гр свежи печурки
4 млади кромитчиња
2 чешниња лук
½ шолја непечени ореви
1 лажица сенф
1 лажица доматна паста
2 лажици маслиново масло
прстофат сол и Vegeta Mastro црн бибер
1 лажичка Vegeta Mastro димена пиперка
Vegeta Mastro чили и сол
пченкарни тортиљи
авокадо
морков
црвена зелка
лајм
Мексикански вегански такоси

Подготовка

1

Ги сечкаме печурките, младото кромитче, оревите и лукот.

2

Во загреаното маслиново масло ги ставаме да се пржат заедно со сенфот и доматната паста.

Мексикански вегански такоси
3

Зачинуваме со димена пиперка, чили, сол и Vegeta Mastro црн бибер.

4

Во средината на тортиљите размачкуваме прво изгмечено авокадо, потоа од приготвената ароматна смеса, а одгоре ставаме ленти морков, исечкана црвена зелка и малку исцеден лајм.

Мексикански вегански такоси Мексикански вегански такоси Мексикански вегански такоси Мексикански вегански такоси

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.