Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џош ја изневерил Ферги?

Џош ја изневерил Ферги?

Џош и ФергиЏош и Ферги

Популарниот актер од серијата „Лас Вегас“, Џош Духамел, е обвинет дека ја изневерил својата уште популарна сопруга, Ферги и тоа со стриптизерка.

Блондинката Никол Форестер тврди дека се запознала со Џош во стриптиз клубот во кој работи, ноќта на 2 октомври. Таа вечер, двата си размениле телефонски броеви и една недела контактирале преку пораки. Но, пораките не биле единствениот контакт кој го имале Џош и Никол.

Според зборовите на Никол, тие поминале една страсна ноќ во хотелската соба на ѕвездата од „Трансформерс“ во Атланта. „Имавме многу многу секс и си поминавме многу убаво“.

Форестер, која воедно е и мајка на две деца, по објавувањето на скандалозната приказна изјавила дека жали што целата случка излегла во јавноста, затоа што нејзините деца дoсега не знаеле дека таа е стриптизерка.

Џош и познатата пејачка Ферги се во брак од јануари 2009г., но не поминуваат многу време заедно, поради обврските кои и двата ги имаат. Џош во моментот е во Атланта, каде ја снима новата комедија „Life As We Know It“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.