Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џиџи Хадид и Зејн Малик со фотографии објавија дека станаа родители

Џиџи Хадид и Зејн Малик со фотографии објавија дека станаа родители

Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители. Славниот пар со фотографии на социјалните мрежи објави дека изминатиот викенд се роди нивното прво дете.

25-годишниот модел и 27-годишниот пејач добија ќеркичка и споделија слатки фотографии со рачето на бебенцето.

„Нашата ќеркичка е тука, здрава и прекрасна. Невозможно е со зборови да опишам како се чувствувам. Неразбирлива е љубовта која ја чувствувам за ова мало човече. Благодарен сум што ја познавам, горд што можам да ја наречам моја и благодарен за животот кој ќе го имаме заедно“ – напиша Зејн во описот.

„Нашето девојче дојде на овој свет изминатиот викенд и веќе го промени нашиот свет. Вљубени сме“ – напиша Џиџи.

Џиџи и Зејн неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид
Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.