Летната авантура на Џенифер Лопез и Алекс Родригез во Италија стигна до својот крај. Пред да се врати во САД, парот уживаше во убавините на Нерано и Капри.
Џенифер очигледно знае како да се забавува. Популарната актерка и пејачка ги крена на нозе сите гости во ресторан во Капри со неочекувана изведба на „Let's get Loud“. Во таа прилика, Лопез носеше цветен фустан од Долче и Габана.
Видео
Парот го истражуваше италијанското крајбрежје со луксузна јахта.
За време на прошетка во Нерони, Џенифер мамеше погледи со шик комбинација со панталони со риги од брендот Milly, боди од Naked Wardrobe и чанта од Chanel.