Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез едвај ги задржа солзите кога им се заблагодари на децата и Алекс на MTV VMA и одушеви со енергичен настап

Џенифер Лопез едвај ги задржа солзите кога им се заблагодари на децата и Алекс на MTV VMA и одушеви со енергичен настап

Синоќа на Џенифер Лопез ѝ припадна честа да ја прими престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“, која им се доделува на музичари со големи постигнувања во светот на музиката и филмот.

За време на говорот, емотивната пејачка им се заблагодари на своите близначиња Макс и Ема и на саканиот Алекс Родригез, кои заедно со нејзината мајка Лупе ја бодреа од публиката.

„Бев опседната со работата и тоа ми се допаѓаше некое време. Само работев, работев, работев. Но, сè се промени откако во мојот живот пристигнаа две мали ангелчиња. Знаев дека морам да бидам подобра, знаев дека морам да одам погоре, знаев дека морам да бидам посилна одошто претходно. Преку нивната безусловна љубов, мојата кариера и мојот живот станаа појасни во секоја смисла. Денес стојам тука посилна и подобра отсекогаш. Ви благодарам Макс и Еми. Има уште толку многу да се направи, но во моето срце знам дека поради вас иднината е многу посветла од сè што досега сум постигнала“ – рече Лопез во своето обраќање до нејзините две деца.

Откако им се заблагодари на своите соработници и на семејството, Џенифер му се обрати на својот сакан Алекс Родригез со зборовите: „Алекс, ти ми си како сродна душа. Животот ми е посладок и подобар со тебе, бидејќи со тебе секој ден сфаќам дека небото не е граница, дека универзумот е бесконечен, како што е и она што ние заедно можеме да го постигнеме со љубов и доверба и разбирање. Има уште многу нешта да се направат и искусат и не би сакала да ги правам со никој друг. Ти си мојот мачо и те сакам“.

Видео

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

49-годишната музичарка енергично настапи на сцената со свои хитови како „Waiting for Tonight“, „On the Floor“, „Ain’t Your Mama“, „Love Don’t Cost a Thing“ и ги одушеви присутните и фановите. Џеј Ло настапи облечена во костими од Версаче.

Видео

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.