Џенифер Лопез и Бен Афлек се релаксираат во Сен Тропе. Парот е на европско патување по повод роденденот на славната пејачка.
Лопез сподели фотографии од луксузна јахта на француската ривиера на кои позира во бикини, а со објавувањето на првата романтична фотографија со Афлек потврди дека нивната врска станува посериозна.
52-годишната ѕвезда доби огромен број на комплименти за изгледот.
Џенифер и Бен ја обновија романсата во април годинава, еден месец откако таа ја раскина свршувачката со Алекс Родригез. Тие претходно беа верени од 2002 до 2004 година.