Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон сака да биде слаба како Џоли

Џенифер Анистон сака да биде слаба како Џоли

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон мисли дека е дебела и е очајна да има супер слабо тело како Анџелина Џоли. Тоа го пишува популарното американско списание National Enquirer, потпирајќи се на извор близок до 40-годишната ѕвезда на серијата „Пријатели“.

Прекрасната актерка била многу загрижена за својот изглед, откако во медиумите излегоа нејзини фотографии, на кои е по бикини, сликани додека била на одмор во Мексико.

„Џенифер отсекогаш беше несигурна за нејзиниот изглед, но нешто од тие слики многу ја вознемири. Таа е опседната со секој дел од нејзиното тело. Некои денови е задоволна, а други пак – не. Иако изгледа прекрасно за своите години, откако ги виде сликите од Мексико, рече дека е грда и дебела и почна да плаче.“ - изјавил близок на Анистон.

Очигледно Џенифер прави сè што е во нејзина моќ за да го импресионира својот бивши, Бред Пит.

„Џен знае колку Бред размислува да ја напушти Анџелина, па прави сè за да изгледа најдобро што може. Нејзиното однесување е според принципот: сè што прави Енџи, таа може да го направи подобро.“ – додаде анонимниот извор во интервју за National Enquirer.

Останува да видиме како ќе заврши овој љубовен триаголник, кој веќе долго време ги полни насловните страници на медиумите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.