Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Шер во финална фаза на промена на полот

Ќерката на Шер во финална фаза на промена на полот

Честити Боно, ќерката на познатите Шер и Сони Боно, е во финална фаза од долгиот процес на промена на полот од женско во машко.

Малото девојче кое растеше пред очите на јавноста појавувајќи се редовно на настапите на Шер и Сони, сега е 41-годишен маж кој го носи името Чез.

Сони, Шер и ЧеститиСони, Шер и малата Честити

Минатата година, Чез се појави во емисијата „Добро утро Америка“ и изјави: „Тоа беше тешка одлука, но беше најдобрата одлука што некогаш сум ја донел.“

Шер и ЧеститиШер и Честити

Сега, кога по операциите за промена на полот и примањето на хормони телото на Чез изгледа како на маж, во интервју за CNN тој признал: „Од моментот кога ми пораснаа градите, никогаш не чувствував дека треба да бидат на моето тело. Кога стојам пред огледалото сега гледам тело кое одговара на она што отсекогаш сум го чувствувал внатре.“

Чез БоноЧез Боно

Честити Боно или Чез, која за прв пат призна дека е хомосексуална на 18-годишна возраст, наредниот месец ќе побара од судот во Лос Анџелес да го финализира процесот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.