Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јелена Ѓоковиќ со фотографии и емотивна порака му го честиташе петтиот роденден на синот Стефан

Јелена Ѓоковиќ со фотографии и емотивна порака му го честиташе петтиот роденден на синот Стефан

Јелена Ѓоковиќ на прекрасен начин го одбележа петтиот роденден на синчето Стефан.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ објави приватни фотографии со слаткото момче заедно со емотивна порака. Прочитајте ја:

„На денешен ден, пред пет години, се роди Стефан, а повторно се родив и јас. Овој пат како Мама и овој пат го имав моето мало момче да ме држи за рака, да ми спие на градите, да пее и плаче со мене додека го учиме животот одново. Колку само промени внесе во нашите животи, мал ГОЛЕМ учителу.“

„Благодарение на твојата мудрост и трпение ние сме подобри родители за сестра ти Тара. Благодарение на тебе станавме вистинско мало семејство. Толку брзо се менуваш, напредуваш и не се врзуваш за никакви промени, туку само храбро чекориш напред. Колку мудрост во едно мало тело, а голема душа. Прекрасно мое малечко, бескрајно фала за секој ден растење со тебе и покрај тебе. За насмевките, нападите на бес, лутина, прегратки, бакнежи... бескрајно фала. Те сакам и ти благодарам за трпението. Растеме заедно еве веќе половина деценија!“

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Стефан е првото дете на Јелена и Новак. Тие се родители и на 2-годишната Тара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.