Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездата од „Modern Family“ ги покажа лузните од 16-те операции и откри дека имаше две трансплантации на бубрег

Ѕвездата од „Modern Family“ ги покажа лузните од 16-те операции и откри дека имаше две трансплантации на бубрег

Сара Хајленд ја раскажа својата животна приказна за „Self“. Ѕвездата од серијата „Modern Family“ откри дека имала две трансплантации на бубрег, кои ги донирале татко ѝ и брат ѝ и дека досега имала вкупно 16 операции.

Сара Хајленд

Во видеото, познатата актерка ги покажува лузните од операциите, зборува за своите здравствени проблеми и суицидните мисли.

ВИДЕО

Хајленд била родена со бубрежна дисплазија, конгенитална аномалија која предизвикува појавување на цисти на бубрезите. Во нејзиниот случај, тоа довело до целосно откажување на функцијата на бубрезите.

Пред седум години, таа ја имала првата трансплантација на бубрег, кој ѝ го донирал нејзиниот татко. Но, пред две години, нејзиното тело започнало да го одбива тој бубрег.

„Бев многу депресивна. Кога член на семејството ти дава втора шанса за живот, и таа не успева, се чувствуваш како да е по твоја вина. Но, не е“ - вели таа.

На Денот на вљубените минатата година, Хајленд започнала со дијализа, постапка со којашто од крвта се отстрануваат отпадните материи и вишокот на течност, која претходно ја отстранувале бубрезите. Но, ни дијализата не била доволна и морало да ѝ биде извршена нова трансплантација на бубрег.

По извршени тестови, се покажало дека нејзиниот помал брат е сроден донор и тој бил подготвен да донира орган за својата сестра.

„Кога втор член на семејството, за кого ти треба да се грижиш како помал брат, сака да ти даде трета шанса за живот... страшно е, бидејќи не сакаш да го разочараш... Долго време размислував за самоубиство, бидејќи не сакав да го разочарам брат ми, како што го разочарав татко ми. Целиот мој живот бев товар, секогаш требаше некој да се грижи за мене, бидејќи отсекогаш имав здравствени проблеми. Се чувствуваш многу беспомошно. Ваквите нешта можат да бидат многу тешки за една личност“ – раскажа Сара со солзи во очите.

„Никогаш не сум била засрамена да ги покажувам моите лузни“ – вели таа и додава дека имала 7 операции пред 4-тиот роденден. Таа била оперирана и поради хернија и ендометриоза.

Сара Хајленд Сара Хајленд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.