Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шенон Доерти сподели трогателна фотографија за да покаже како изгледа лекувањето од рак

Шенон Доерти сподели трогателна фотографија за да покаже како изгледа лекувањето од рак

Шенон Доерти повеќе од една година се бори со рак на дојка. 45-годишната актерка постојано им дозволува на своите обожаватели да ѕирнат во најтешката битка во нејзиниот живот.

На својот профил на Instagram, Доерти споделува трогателни фотографии и видеа од емотивните моменти од своето патување.

На новата фотографија, ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“ лежи во болнички кревет комплетно изнемоштена. Фотографијата била направена еден ден по примањето на хемотерапија.

Шенон Доерти

„Денот по хемотерапија не е секогаш убав. Понекогаш личноста не е способна да танцува, да јаде, дури и да размислува за следниот ден. Понекогаш чувствуваш дека нема да преживееш. Тоа поминува. Понекогаш тоа се случува следниот ден, или по два дена, или по шест дена, но поминува и способен си да се движиш. Надежта е возможна. Можноста е возможна. До мојата фамилија и сите кои страдаат од рак. Останете храбри. Останете силни. Останете позитивни“ – напиша Шенон во описот.

„Понекогаш мислиш дека хемотерапијата никогаш нема да заврши. Понекогаш се прашуваш дали имаш храброст да се соочиш со ракот и со сè што доаѓа со него. Копај длабоко во себе. Храброста, силата и издржливоста се наоѓаат во секој од нас“ – стои во описот на фотографија од Доерти со медицинскиот тим кој ја води низ овој тежок период.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон со сопруготШенон со сопругот

Познатата Американка зборуваше за страшната болест и во интервју со Челси Хендлер. „Сметам дека тоа што е убаво, тешко и интересно за ракот е што те срушува, па те гради, те срушува, па те гради. Те гради наново толку многу различни пати. Личноста која мислев дека треба да бидам, или која требаше да бидам, или која мислев дека сум пред шест месеци, сега е комплетно различна личност. Сега сфатив, навистина мислев дека сум храбра и благодарна целото ова време, а всушност јас само се криев“ – вели Шенон во краткото видео.

Шенон кај нас се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.

Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11416 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.