Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шведскиот диџеј Авичи пронајден мртов, имаше само 28 години

Шведскиот диџеј Авичи пронајден мртов, имаше само 28 години

Светот е во шок поради прераната смрт на Авичи. Безживотното тело на популарниот диџеј било пронајдено во Оман. Засега не е позната причината за смртта. Тој имаше само 28 години.

Авичи

„Со длабока тага објавуваме дека го загубивме Тим Берглинг, познат и како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман ова петочно попладне. Семејството е скршено од тага и ги замолуваме сите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период“ – се вели во соопштението на неговиот претставник за јавноста.

A post shared by Avicii (@avicii) on

Неговите фанови добро знаат дека тој се соочуваше со здравствени проблеми, предизвикани од консумацијата на алкохол, а тоа беше и главен фактор што им кажа „не“ на турнеите.

Авичи

Авичи потпишува многу светски хитови, меѓу кои „Levels“, „Hey Brother“, „You Make Me“ и „Wake Me Up“ и пред да одлучи да прекине со турнеите во 2016 година, беше еден од најплатените диџеи.

A post shared by Avicii (@avicii) on

A post shared by Avicii (@avicii) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.