Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хит-серијата „Star Trek: Strange New Worlds“ се враќа на SkyShowtime ова лето

Хит-серијата „Star Trek: Strange New Worlds“ се враќа на SkyShowtime ова лето

Сезона 2 од серијата со десет епизоди во продукција на CBS Studios ќе биде достапна за стримување ексклузивно на SkyShowtime од овој јуни, со нови епизоди секоја недела.

Star Trek

SkyShowtime објави дека новата серија „Star Trek: Strange New Worlds“ ќе биде достапна на стриминг платформата ексклузивно ова лето. Во продукција на CBS Studios, сезона 2 од „Star Trek: Strange New Worlds“ ќе започне да се емитува на SkyShowtime почнувајќи од месец јуни, а нови епизоди, од вкупно десет, ќе бидат достапни за стримување секоја наредна недела.

„Star Trek: Strange New Worlds“ ги прикажува годините во кои капетанот Кристофер Пајк беше на чело на вселенскиот брод Ентерпрајз. Во серијата настапуваат милениците на публиката Енсон Маунт како капетанот Кристофер Пајк, Ребека Ромијн како Број Еден и Итан Пек како офицерот за наука Спок. Серијата ги следи капетанот Пајк, офицерот за наука Спок и Број Еден во годините пред капетан Кирк да се качи на вселенскиот брод Ентерпрајз, во нивното истражување на нови светови низ галаксијата.

Во серијата играат Џес Буш како сестрата Кристин Чапел, Кристина Чонг како Лан Нуниен-Синг, Силија Роуз Гудинг како кадетката Ниота Ухура, Мелиса Навиа како подофицерката Ерика Ортегас и Бабс Олусанмокун како д-р Мбенга. Во сезона 2 се враќа и посебниот гостин Пол Визли како Џејм Т. Кирк и Керол Кејн во повторената улога на Пелиа.

Star Trek

Сезона 2 на „Star Trek: Strange New Worlds“ е во продукција на CBS Studios, Secret Hideout и Roddenberry Entertainment. Акива Голдсмен и Хенри Алонзо Маерс се креативни автори. Голдсман, Алекс Куртцман и Џени Лумет се извршни продуценти покрај Алонзо Маерс, Арон Баирс, Хедер Кадин, Френк Сиракуза, Џон Вебер, Род Роденбери и Тревор Рот. Серијата е дистрибуирана од Paramount Global Content Distribution.

Star Trek

Сезона 2 на „Star Trek: Strange New Worlds“ има и специјална епизода со гости од друга серија во која има и дејство во живо и анимација, а Тони Њусам како заставник Бекет Маринер и Џек Квеид како заставник Бред Боимлер од „Star Trek: Lower Decks“ му се придружуваат на вселенскиот брод Ентерпрајз. Епизодата е во режија на актерот и режисер на „Star Trek: The Next Generation“ и на „Star Trek: Picard“, Џонатан Фрејкс.

Првата сезона на „Star Trek: Strange New Worlds“ е достапна за стримување сега, само на SkyShowtime.

Star Trek

Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com. Месечната цена на SkyShowtime е 5,99€, односно 2,99€ ако се регистрирате најдоцна до 11 април.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.