• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Фотографии од свадбениот албум на Анџелина Џоли и Бред Пит

4 септември 2014, 11:56
  • cподели

Анџелина Џоли и Бред Пит се заколнаа на вечна љубов пред своите шест деца и околу дваесетина блиски гости. Нивната венчавка го обиколи светот и многумина посакаа да ѕирнат како се одвивала интимната церемонија.

Од фотографиите од венчавката станува јасно дека на Џоли и Пит им било најважно нивните деца да бидат вклучени во значајната свеченост која се одржа во замокот Миравал, Франција. „Сакав децата да бидат дел од сѐ, вклучувајќи го и фустанот, затоа што тоа е нашето семејство... Тие се наши најдобри пријатели и луѓето кои ни се најблиски“ – изјавила Џоли.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

38-годишната актерка зачекори кон олтарот заедно со своите највозрасни деца – Медокс и Пакс. Среќната невеста носеше фустан од модната куќа Версаче. Белата венчаница е уникатна и ја отсликува креативноста на децата на Џоли и Пит. Имено, кројачот Луиџи Маси рачно ги декорирал венчаницата и велот со цртежи од рацете на Медокс, Пакс, Захара, Вивиен, Шајло и Нокс.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

Додека Џоли чекорела кон својот избраник, пред неа се движеле Захара и Вивиен кои фрлале по патеката цветови собрани од семејната градина. Шајло и Нокс биле задолжени за бурмите.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

„Беше многу важно за нас тој ден да биде релаксиран и исполнет со смеа“ – изјавиле младенците.

Шесте деца не можеле да ги сокријат своите насмевки кога нивните родители за првпат се бакнаа како сопруг и сопруга.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

Свадбената торта била направена со љубов од нивниот син Пакс.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

На венчавката присуствувале родителите на Пит, Џејн и Вилијам, кои со широки насмевки позирале со слатките внуци.

Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит Свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит

Џоли и Пит моментално се во Малта, каде го снимаат својот втор заеднички филм „By the Sea“.

Tags
Анџелина Џоли
Бред Пит

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.