Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џастин Тимберлејк и Мила Кунис и нивните искрени секс одговори за „Elle“

ФОТО: Џастин Тимберлејк и Мила Кунис и нивните искрени секс одговори за „Elle“

Џастин Тимберлејк и Мила Кунис ја красат корицата на августовското издание на списанието Elle. Ѕвездите кои во моментов го промовираат својот заеднички филм „Friends with Benefits“, снимија едиторијал за списанието и дадоа искрени одговори на неколку интимни прашања.

Џастин и Мила покажаа дека помеѓу нив постои силна хемија додека позираа облечени во креации од познати брендови како Ланвин, Прада, Марк Џејкобс, Шанел, Том Форд, Кристијан Лобутин и сл.

Еве ги фотографиите и дел од интервјуто.

Мила и Џастин Мила и Џастин

Elle: „Пријатели со бенефиции“ – добра или лоша идеја?

Џастин: Тоа е толку добра идеја, сè додека не стане лоша идеја.

Мила: Се сложувам. На крајот на краиштата тоа завршува кога некој сака да влезе во сериозна врска со некој друг. Многу почесто едниот започнува да развива чувства кон другиот и некој останува повреден.

Elle: Како во филмот, дали некој од вашите родители некогаш ви има влезено додека имате секс?

Џастин: Еднаш бев „фатен“. Мајка ми не беше баш кул во врска со тоа. Бев премногу млад за да сум во кревет со девојка, па беше вознемирена.

Мила: Не сметам дека моите родители мислат дека некогаш сум имала секс.

Мила и Џастин

Elle: Кое е најдосадното нешто што другиот го правеше за време на снимањето?

Џастин: Таа ми правеше серенади, на сите нас во приколката за шминкање.

Мила: Не знам да пеам.

Џастин: Никако не може да фати мелодија. Но, беше одлично затоа што таа воопшто не се грижеше за тоа.

Elle: Идеален прв состанок?

Џастин: Нешто повеќе едноставно отколку екстравагантно. Scrabble (игра со оформување на зборови).

Мила: Монопол.

Џастин: Играњето Scrabble е добар состанок. Ако таа не може да спелува, не сакам да се дружам со неа.

Мила: Јас воопшто не можам да спелувам. Значи никогаш не можеме да бидеме пријатели.

Мила и Џастин Мила и Џастин

Elle: Најчудното прашање што некој ви го има поставено на првиот состанок?

Џастин: Еднаш ме прашаа дали го имам пронајдено Бог. Јас сум болен човек, па одговорив: „Да, во пантолоните ми е“. Па, состанокот не траеше многу долго.

Мила: Не клекна таа пред твојот олтар?

Џастин: (игнорирајќи го прашањето на Мила) Девојката со која бев на состанокот сметала дека тоа што го кажав е безобѕирно, а јас сметав дека нејзиното прашање за Бог е безобѕирно.

Elle: Мила, во кој повозрасен маж се имаш „затрескано“?

Мила: Џорџ Клуни и Џони Деп.

Мила и Џастин

Elle: Во љубовта, се раководиш од главата или од срцето?

Мила: Од срцето. Се обидувам да се раководам од главата. Се обидувам, навистина. Но, не успевам.

Џастин: Лаже. Никогаш не се менувај... Јас не сум доволно паметен, па не ми останува од што друго да се раководам освен од срцето.

Мила и Џастин

Elle: Сега кога двајцата сте сингл, дали ви е тешко да си најдете некој? Мора да е тешко да си постојано во погледот на јавноста.

Мила: Јас никогаш не сум се состанувала.

Џастин: Не сум подготвен да одговорам на тоа сега.

Можеби Џастин не одговара токму затоа што не е сингл. Најновите информации велат дека Џастин повторно е во врска со Џесика Бил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.