Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Холивудската легенда Кирк Даглас го прослави својот 100. роденден со голема забава

ФОТО: Холивудската легенда Кирк Даглас го прослави својот 100. роденден со голема забава

Кирк Даглас вчера наполни 100 години. Легендарниот холивудски актер и оскаровец го прослави јубилејниот роденден со својата фамилија и пријателите.

На прославата на која присуствуваа 150 гости, покрај него беше неговата сопруга, 97-годишната Ана Бајденс. Парот е во брак 62 години.

Големата забава беше организирана од неговиот син Мајкл Даглас, кој беше придружуван од сопругата Кетрин Зета Џонс и двете нивни деца Дилан и Карис.

100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас

Кариерата на холивудската легенда се протега низ долги 60 години. Даглас доби над 90 филмски улоги, меѓу кои во филмовите „Lust for Life“, „Spartacus“, „The Bad and the Beautiful“, „Champion“ и „I Walk Alone“.

Кирк три пати беше номиниран за Оскар за Најдобар актер, но успеа да се закити само со златна статуетка во 1996 година за Животно дело.

100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас

Во 1981 година, Даглас беше почестен со Медал на Слободата од тогашниот претседател на САД, Џими Картер. Како холивудска ѕвезда која има оставено најголем отпечаток во филмската индустрија, Даглас го држи 17. место на листата „АФИ 100 години... 100 ѕвезди“ на Американскиот Филмски Институт.

100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас

Покрај тоа што е еден од најуспешните актери од златната ера на Холивуд, Кирк е и автор на десетина книги.

100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас 100. роденден на Кирк Даглас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11587 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.