Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Фустанот и накитот на принцезата Кејт – сите детали

ФОТО: Фустанот и накитот на принцезата Кејт – сите детали

Неколку месеци пред кралската свадба секој моден дизајнер даваше предлог како да изгледа фустанот на Кејт, а секој моден уредник се обидуваше да го предвиди името на дизајнерот кој ќе ја облекува невестата на свадбата.

Меѓу имињата кои се споменуваа беше и името на Сара Бартон, дизајнерката која го наследи Александар МекКвин. Но, Сара умешно ги убеди новинарите дека се на погрешна врата.

Денес, кога Кејт се придвижи кон олтарот, веќе не остана простор за шпекулации. Нејзиниот прекрасен невестински фустан е креација на Сара Бартон.

Кејт Мидлтон Кејт Мидлтон

Венчаницата е со V-отвор кај вратот и со долги ракави од чипка. Ткаенината за фустанот е уникатна и специјално изработена за неа, а користена е само англиска и француска чипка. Сукњата има форма на отворено цвеќе и е долга 2 метри и 70 сантиметри.

Кејт Мидлтон Кејт Мидлтон

„Да работам со Кетрин Мидлтон за да го креирам нејзиниот невестински фустан беше искуство што се добива еднаш во животот и уживав во секој момент. Огромна чест е што бев избрана и многу сум горда на она што го креиравме јас и тимот на Александар МекКвин“ – изјавила Сара преку соопштение за јавноста.

Превезот е изработен од мек и нежен свилен тул и e украсен со рачно изработени цвеќиња.

Кејт Мидлтон

Чевлите на 29-годишната принцеза се рачно изработени од чипка и сатен, од рацете на тимот на МекКвин.

Денес не блеска само насмевката на Кејт. Тијарата која ја краси нејзината глава е дијамантска тијара на Cartier, која за свечената прилика ѝ беше позајмена од самата кралица Елизабет. Тијарата е изработена во 1936г. и била подарок за 18-тиот роденден на кралицата. Сè уште не се знае дали тоа ќе биде подарок од кралицата за Кејт.

Кејт Мидлтон Кејт Мидлтон

Фризурата на Кејт беше со брановидни локни, коишто се препознатливи за нејзиниот секојдневен стил. Дел од нејзината коса беше фатена одназад и поради тоа дојдоа до израз дијамантските обетки во форма на лист, изработени од Robinson Pelham специјално за да одговараат на блескавата тијара. Обетките се подарок од родителите на Кејт.

Кејт Мидлтон

Венчалниот прстен на среќната принцеза е изработен од велшко злато од Wartski, којшто ги изработи и бурмите на принцот Чарлс и Камила.

Кејт Мидлтон

Во текот на церемонијата се очекува Кејт да облече и втор, а можеби и трет фустан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.