Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Прстенот на Анџелина Џоли одблиску

ФОТО: Прстенот на Анџелина Џоли одблиску

Откако најпопуларниот холивудски пар ја потврди својата свршувачка, медиумите агресивно тргнаа во потрага по што повеќе информации за свршувачката, прстенот, евентуалната свадба, невестинскиот фустан итн.

Веќе се појавија фотографии кои одблиску го покажуваат свршеничкиот прстен на Анџелина Џоли, за чие дизајнирање помогнал Бред Пит.

Прстенот на Џоли

Една година 48-годишниот актер соработувал со дизајнерот на накит Роберт Прокоп за да го создадат прстенот на Џоли. „Бред имаше специфична визија за овој прстен, којашто ја реализира во текот на едногодишна соработка со Роберт“ – изјавил тимот на Прокоп во соопштение за јавноста.

Прстенот на Џоли

Потпирајќи се на изјава на експерт, списанието People пишува дека прстенот може да тежи вкупно до 10 карати и да чини околу 1 милион долари.

Ако си мислевте дека премногу слушавте и гледавте за Анџелина Џоли и Бред Пит, сте погрешиле. Допрва Бранџелина ќе зазема централно место во лајфстајл медиумите.

Стефан Галовеј, извршниот директор на „The Hollywood Reporter“ ја нарече свадбата на Бред и Енџи „медиумски настан на новиот век“. „Ова е американски еквивалент на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон“ – дополнил тој.

Анџелина Џоли и Бред Пи

Бредли Џејкобс, уредникот на „Us Weekly“, предвидува дека свадбата ќе биде интимна, но дека медиумите ќе направат сè што е потребно за да добијат повеќе информации за венчавката. „Нема да се смириме додека не дознаеме кога, каде и како, и кој ќе биде присутен на свадбата“ – изјавил тој.

Освен што медиумите ќе се тепаат да добијат учество во церемонијата, експертите велат дека дизајнерите веќе водат војна за Бред и Анџелина да носат нивни креации на свадбениот ден. „Секој дизајнер на планетава ќе ја убедува Анџелина да носи негов фустан“ – рекол Џејкобс.

Анџелина Џоли и Бред Пи

Иако многумина предвидуваа дека нивната врска ќе биде кратка, Бред Пит и Анџелина Џоли се заедно веќе седум години и имаат шест деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.