Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Парис Хилтон доби од момчето автомобил за 30-тиот роденден

ФОТО: Парис Хилтон доби од момчето автомобил за 30-тиот роденден

Парис Хилтон е навикната да биде разгалувана, а нејзиното момче Сај Вајтс нема намера да го промени тоа.

За да ја изненади богатата старлета, тој за роденден ѝ подари луксузен спортски автомобил Lexus. Модерниот автомобил вчера бил однесен пред куќата на Парис, а таа била пресреќна кога го здогледала и со прегратка му се заблагодарила на Сај.

Парис ХилтонПарис изненадена од луксузниот автомобил Парис и СајПарис му се заблагодари на Сај со прегратка

Скапиот подарок е по повод 30-тиот роденден на Парис.

Парис и Сај

Пред два дена Парис доби уште еден скап подарок од Сај. Таа на Twitter се пофали дека за Св. Валентин добила ланче со рубини и дијаманти.

„Само што се вратив од романтична вечера за Св. Валентин со мојата љубов. Тој ми го подари најубавото ланче со рубини и дијаманти. Го обожавам“ – напишала таа.

Парис и СајПарис и Сај на Св. Валентин

Во пресрет на нејзиниот 30-ти роденден, Парис изјавила дека се чувствува посреќна од било кога досега.

Таа споделила дека поминува многу време заедно со Сај и дека нејзиното „ново“ помускулесто тело се должи на тоа што постојано вежбаат заедно.

„Или сме во фитнес сала или играме тенис и секогаш се смееме, па времето едноставно лета. И сега сфатив колку е важно да се грижам за моето тело.“

„За прв пат во мојот живот се чувствувам фит. Имам многу мускулна маса по целото тело. Целосно ги отфрлив газираните пијалоци и брзата храна. Скоро сè што јадам е органска храна“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.