• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Новак Ѓоковиќ и Јелена организираа хуманитарна гала вечера

9 јули 2013, 08:58
  • cподели

Новак Ѓоковиќ и неговата девојка Јелена Ристиќ организираа хуманитарна гала вечера во Лондон, со цел собирање на средства за Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Јелена, која е директорка на фондацијата, гордо позираше до својот сакан во вечерна тоалета од Оскар де ла Рента.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Младиот пар доби голема поддршка од многу славни лица меѓу кои и Наоми Кембел, Кејт Хадсон, Голди Хоун, Џерард Батлер и милијардерот Ричард Бренсон и успеа да собере 1,2 милиони фунти.

Ричард Бренсон, Кејт Хадсон, Голди Хоун и Новак ЃоковиќРичард Бренсон, Кејт Хадсон, Голди Хоун и Новак Ѓоковиќ Наоми Кембел и Џерард БатлерНаоми Кембел и Џерард Батлер

Во својот говор пред повеќе од 300 гости, Новак ѝ се заблагодарил на својата девојка за љубовта и поддршката и за нејзината посветеност на хуманитарната дејност на фондацијата. „Љубовта е најголемата движечка сила во мојот живот, таа може да прави чуда“ – изјавил тој.

Фондацијата на српскиот тенисер со години им обезбедува подобар живот и образование на мали деца во Србија, кои поради какви било околности не добиле можност за здраво и нормално детство. Во плановите на фондацијата е проширување во Велика Британија и САД.

Tags
Новак Ѓоковиќ
Јелена Ристиќ
Фондацијата Новак Ѓоковиќ

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.