• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Меланија и Иванка Трамп со стил пристигнаа во Саудиска Арабија

22 мај 2017, 11:00
  • cподели

Целиот свет го следи патувањето на Трамп во Саудиска Арабија. Додека се дискутираат договорите вредни милијарди долари, големо внимание привлекуваат и најважните дами во животот на Доналд Трамп.

На првата меѓународна турнеја, новиот претседателот на САД беше придружуван од сопругата Меланија, но и повеќе советници, меѓу кои и неговата ќерка Иванка и неговиот зет Џаред.

Како што и се очекуваше, Меланија и Иванка се придржуваа до конзервативната облека, но не носеа марами на главата.

47-годишната прва дама носеше црн комбинезон од Стела Мекартни, но мошне воочлив детаљ во нејзиниот стајлинг беше златниот колан од Сен Лоран. Целосниот изглед Меланија го комплетираше со чевли од Кристијан Лобутин.

Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија

Фактот што Меланија и Иванка не си ги покрија главите со марами поттикна нов бран критики кон Доналд Трамп, бидејќи пред две години тој ја нападна Мишел Обама за истата постапка.

Кога поранешната прва дама на САД пристигна во Саудиска Арабија без марама на главата, Доналд напиша на Twitter: „Многу луѓе велат дека е прекрасно тоа што г-ѓа Обама одби да носи марама во Саудиска Арабија, но тие беа навредени. Веќе имаме доволно непријатели.“

Според правилата во Саудиска Арабија, жените од странство не се задолжени да ја прекриваат главата, ниту пак да носат абаја.

Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија

Пред заминувањето, парот беше фотографиран на тревникот пред Белата куќа. Меланија носеше блуза од Max Mara, здолниште од Hervé Pierre и обувки со потпис на Manolo Blahnik.

Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија

Иванка носеше цветен фустан и пред тргнувањето од Вашингтон и за време на пречекот во Саудиска Арабија.

Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија Трамп во Саудиска Арабија
Tags
Доналд Трамп
Меланија Трамп
Иванка Трамп

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.